Стари македонски ракописи-nema vo Makedonija kniga

Стари македонски ракописи-nema vo Makedonija kniga
dejan
 
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=117309&idg=6&idb=1771&rubrika=Revija

Неодамна во издание на "Селектор од Скопје, од печат излезе книгата "Разнесено наследство" од Нове Цветановски. Оваа книга, како што вели и самиот автор, е прв обид во Македонија интегрално да се третира проблемот со уништувањето, крадењето, продавањето, односно разнесувањето на сите видови движно наследство на Македонија создавано низ вековите. Обидот е дотолку повреден што ниту науката во државава не успеала да ги сублимира сите податоци за ова, па затоа и авторот се оградува дека овде е обработен само дел од она што е разграбено од Македонија. Дел од тоа е уништено или пак се наоѓа во музеи, библиотеки или приватни колекции низ целиот свет. Во книгата најмногу простор е посветен на наследството кое се базира на ракописите и книгите создавани на ова тло и тоа најмногу од времето на ширењето на словенската писменост. Вушност наследство кое многу говори за ентитетот и идентитетот на ова парче земја. Овој дел од наследството било најинтересно за словенските земји, особено оние од окружувањето кои имале територијални претензии на земјата ", а кои и ден денешен не така волно признаваат дека токму овде е колевката на словенската писменост, па дел од тие документи и сега се кријат од очите на јавноста и се чуваат во тајност", потенцира авторот.
Според податоците изнесени во книгата денес се знае за околу 700 списи, документи, ракописи и книги што потекнуваат од Македонија и се создавани во периодот од 10-тиот до почетокот на 18-ттиот век. Тие се директно или индиректно регистрирани, на пример во каталози и описи или се споменати во литературата, но основано се претпоставува дека низ Европа се наоѓаат многу повеќе. Наспроти овој број во Македонија има нешто повеќе од 400-тината вакви документи , а кои се евидентирани главно последниве десеттина - петнаесет години.
"Се она што е изнесено од Македонија не може да се мери со бројки кои изразуваат вредност на пари. Вредноста на културното наследство не се мери на тој начин, но колку и во таа смисла е непроценлива говори и еден ваков пример:
Еден стар лист од пергамент на црниот пазар во светот и на аукциите, се продава за астрономски износи од стотици илјади долари. Од Македониија се изнесени ( и се чуваат во странски библиотеки и приватни збирки) стотици такви ракописи, односно десетици илјади пергаментни ракописи", вели авторот Цветановски во својот труд.
Во книгата се посочува и конкретен пример. Во почетокот на деведесеттите години на минатиот век Државната библиотека "Владимир Илич Ленин" од Москва, за да изложи во Скопје само петанесет од многуте македонски ракописи што ги чува, побара високо осигурување од нашата земја, кое што таа не можеше да го плати. Нивната проценка за вредноста на тие ракописи изнесувала 70 милиони долари.
Како земја на најстарите пишани траги на словенски јазик, односно на најстарите глаголски епиграфи, кај нас не е зачуван ниту еден стар глаголски ракопис, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија: Зографското, Мариинското, и Асемановото евенгелие, Синајскиот псалтир, Синајскиот требник, Битолското евенгелие и македонските глаголски ливчиња. Тие се пронајдени на Синај, Света Гора, Ерусалим и во Охрид, а денес се сите надвор од Македонија. Меѓу овие списи се и најстарите кирилски текстови на кои се запишани букви, зборови или текстови на глаголица.
Уништувањето на македонските ракописи почнало уште од Самоиловато време кога византиските власти и црква спроведувале вистинска пустош врз се што носи словенски белег во Македонија, а кога и со елинизацијата на словенската култура и просвета се уништуваат документи. Ваквото уништување продолжило и со богомилството и со доаѓањето на отоманската империја. Токму во тој долг, темен период на македонската средновековна историја, во некои манастири биле создавани богати манастирски ракописни збирки: Лесновскиот, Марковиот, Слепченскиот, Бигорскиот, Лешочкиот манастир. Но ако до овој период се случувале уништувања, по создавањето на независни балкански држави, пред се српската и бугарската, кога ама баш никој не го спречувал ограбувањето, се случило и најголемото разграбување на ракописите, како и на другите старини и богатства на Македонија. И ден денешен токму во Белград и Софија, во тамошните музеи и библиотеки се наоѓаат најмногу вакви ракописи и други богатства. Но ги има и во Хрватска, Словенија, Русија, Автсрија, Унгарија, Чешка, Полска, Велика Британија, Турција, Грција Германија, Ерусалим, секако на Света Гора и низ целиот свет. Тоа е се што е зачувано и е мал дел од некогашното ракописно богатство во Македонија што го чуваат други.
Иако нема конкретно мерлива вредност, како што може на пример да им се измери на археолошките предмети, старини и реликвии (од типот на охридската архиепископската круна која е во Софија, а чија вредност е проценета на 20 милиони долари) и овие ракописи биле предмет на трговија. За жал тоа се се уште и денес. На пример: на почетокот на деведесетите години на 20-тиот век, некои македеонски археографи, по приватни канали, дошле до сознание дека на Народната библиотека на Србија и биле "предадени " од едено лице од Скопје - жена, четири средновековни ракописи. За жал името на лицето не е наведено иако тоа е вообичаена практика при евиденцијата. Се работи за ракопис од првостепено научно и културно значење. Пример два: покрај овој, има сознание дека, во приближно истиот период, уште два слични ракописа пред да бидат одесени во Белград биле сопственост на едно семејство од Охрид, со свештеничка традиција. Семејството му ги предало списите на некој македонски научен работник, а еден од тие два ракописа потоа бил забележан во кабинет на еден академик на МАНУ. Но иако предадени на научен работник ниту еден од двата документа не е евидентиран и обработен од македонската наука, односно од МАНУ. Завршиле во националната библиотека на северниот сосед, а не во НУБ "СВ. Климент Охридски" каде што и е најголемата збирка на стари ракописи, каде што постојат услови за нивно чување и нивна конзервација. И во овој случај, и ваквите споменици на културата, станале "трговска стока" во круговите на науката, за добар паричен износ.
Книгата "Разнесено наследство", од која извадивме само делови или мали мотиви, а каде е многу поопширно и подетално забалежно отуѓеното или уништеното наследство, како што смета авторот Цветановски, е само мал обид или придонес: ако и не може да се врати она што дефинитивно е загубено, барем да се сочува наследството што се уште го има во земјава.


Deka nivnite biblioteki bile prazni pa za toa kradele od nas.