Darko Mitrevski za Iznogud -- Intervju
Darko Mitrevski za Iznogud -- Intervju
BorisVM Дарко Митревски, режисер, за постизборните перспективи, за Изногуд... Исти обврски за сите, исти шанси за сите! Ѕвездан Георгиевски [img]images/darkomitrevski.jpg[/img] Не очекувам од новата влада да ни донесе милијарди, но очекувам да ни изгради систем во кој секој ќе има можност да го заработи својот милион Изборите ги поминавте надвор од земјата. Твојот глас, значи, не беше пресуден во промената на власта. Како изгледаа изборите надвор од Македонија и Ви беше ли криво што не сте тука во тие моменти? - Жал ми е што заради професионалните обврски не бев во можност со свои очи да го видам падот на Изногуд. Нема да кажам "Ај, здравје, другпат!", бидејќи посакувам и верувам дека другпат нема да има. Еве, Изногуд замина. Во кој правец сега ќе се движи иднината во овој наш калифат? -Иднината на калифатот е во тоа да не биде калифат, туку правна држава. Јас немам илузии дека сега на клучните места ќе дојдат супермени кои за четири години од Македонија ќе направат економска суперсила - за таков потфат е потребно многу повеќе време, а и прашање е дали и колкумина супермени поседува нашиот народ. Но, некои клучни (овој пат вистински) промени ќе мора да се направат. Прво што треба да се промени не е само владата, туку и методите на владеење. Не очекувам од новата влада да ни донесе милијарди, но очекувам да ни изгради систем во кој секој ќе има можност да си го заработи својот милион. Значи: исти закони за сите, исти обврски за сите, исти шанси за сите! Е, сега, кој колку ќе успее - тоа ќе зависи од индивидуалниот талент и знаење, како и од количеството вложен труд и пролеана пот. Втората промена се однесува на секој поединец: секој од нас да стане подисциплиниран, поодговорен, повреден, почесен! Да знаеме да си го избориме своето место во општеството. Но, притоа да се поклониме пред законите и обврските. Долго време личевме на башибозук - крајно време е да заличиме на луѓе! Третата промена се однесува на самото општество: да создадеме граѓанско општество кое ја контролира власта, а не обратно. На овие избори не победи само опозицијата, туку победи и храброста на македонскиот граѓанин да им се спротивстави на тираните и нивниот феудален систем на владеење. Сега тој граѓанин ќе треба да создаде механизми кои ќе спречат појава на нови феудалци. Се чини, гротеската продолжува, министерот за полиција се заканува со кривични пријави токму во однос на изборите. Мислите ли дека е можно во еден ваков калифат да се поднесат кривични пријави против сите гласачи? - Не, но можно е сите гласачи да поднесат пријави против бившиот калиф и неговиот министер. Да се разбереме, тоа не е реваншизам: доколку било кој член на идната опозиција биде деградиран заради својата политичка определба, сите правдољубиви луѓе ќе треба да застанат во негова одбрана. Но, токму затоа ќе треба да се одвои сувото од сировото: сите оние кои стекнале нелегален имот, кои профитирале од криминал, проституција и наркотрговија, кои потпишувале сомнителни зделки за огромна провизија, оние кои наредувале или спроведувале физичко насилство, оние кои прислушувале, оние за кои постојат докази дека го прекршиле законот - сите тие треба да го пронајдат своето име на кривични пријави! Како Ви се чини идејата Али Ахмети да биде министер за култура? Или повеќе му прилега Министерството за одбрана? - Колку што мене ми текнува, кандидатите на опозицијата во текот на изборната кампања постојано се залагаа за тоа дека луѓето треба да се вработуваат според нивната способност, образование и стручност, а не според партиските критериуми. Од тој аспект гледано, новото работно место на Али Ахмети ќе биде првиот тест за новата власт: дали ќе останат верни на своите предизборни ветувања и ќе му доделат место адекватно на неговите квалификации? Еве, да им помогнеме: дали Али Ахмети има искуство од областа на филмската продукција, музичко-сценските дејности, ликовната уметност, литературното творештво? Одговорот е: не, нема. А, дали Али Ахмети има завршено воена академија, дали има стекнато некаков чин во нашата армија, дали е воен обврзник, дали има дадено војничка заклетва? Одговорот е повторно не. Па, како тогаш еден таков неквалификуван човек да се постави на толку важни функции? Но, да не бидам погрешно разбран: доколку во новата влада се формира министерство за филозофија, тогаш јас јавно ќе се залагам за тоа на Али Ахмети да му се овозможи да конкурира за работното место министер, бидејќи ги исполнува сите услови - има завршено Филозофски факултет! Да скратам: мислам дека победничката коалиција џентлменски ќе му понуди на албанскиот блок градење на заедничка држава. Потоа, на потег ќе бидат албанските првенци - да покажат дека се доволно писмени за една таква историска мисија!