Македонска работа

Македонска работа
darkjesus
 
Сето подолу напишано е веќе добро познато но зошто сеуште не превземиме нешто и да ги промениме таквите наши ставови.

Можам да си земам слобода и да кажам со сигурност дека втора споредна работа во светот е фудбалот. Кај нас за среќа НЕ Е ТАКА. Додека во една ладна англиска клима секој еден чека да дојде Сабота и да оди да навива "жестоко" за своите миленици кај нас едвај се чека Петок за да се тркни до кладилница и да се обезбеди билтен за тековното коло, после што се оди на работа и со колегите и колешките во поново време се прават добитни комбинации. Слободно нека се направат анкети од разноразни агенции и сите ќе дојдат до еден ист заклучок; Македонија е единствената земја во која на прво место наместо работата е кладењето(со почит према он.нет и добро завршената работа од нивна страна со воведувањето на безжичен интернет на цела наша територија).
Мора да признам и јас редовно фрлам по некој динар ама чисто спортски колку да се разбие монотонија при следење на некој натпревар или навивачки - за што многумина ќе ви кажат дека нема шанси да се фатат пари така, а да знаете ВО ПРАВО СЕ. И се е тоа во ред се додека не дојдат на дневен ред натпревари со репрезентативен карактер (пријателски или официални сеедно) Веќе неколку пати се има десено истото ама ова последново веќе ги премина сите граници!!! Добивме нов тренер, врвен стручњак, добро платен богами (за наши услови) и составивме еден надежен тим(повторно по наши стандарди) и сето тоа е во ред. Скокна моралот кај нашите играчи, кај целиот стручен табор и ВАЛДА кај репрезентативните фанови. Каков успех ќе имаме и каква игра ќе покажат нашите миленици и избраници на Катанец ќе покажи времето. И, како што стојат работите засега е стварно неверојатно, два пријателски натпревар и две победи. Катанец и лавовите на теренот им го земаа скалпот на Еквадор и Турција. АЛАЛ ви вера момци и се надевам на многу идни успеси (а и да ги нема повторно ќе сме со вас). Него дај да се вратиме на темата.. одам значи вкладилница неколку саати пред натпреварот со Еквадор, си седнувам нарачувам кафенце (стандард шема) и го разлистувам билтенот. Ја правам мојата добитна комбинација и без око да ми трепни пишувам еден огромен 1 - победа на нашата репрезентација. Одам го уплаќам ливчето и девојката на шалтер ми вика "Да не имаш некоја грешка со натпреварот Македонија - Еквадор". Обично нејќам да ми коментираат што да играм на ливчето и како да изиграм па малце нервозно и одговорив "Девојко само уплати го како што пишува на него". Другите што и како уплатија на овој натпревар незнам.. ама знам дека коефициентот за победа на Еквадор беше 1.6 а на Македонија 4.8 па претпоставете. Заврши натпреварот - го погодив НЕВЕРОВАТНО НЕЛИ и се е супер. После некое време ете ти пријателска со Турција. Повторно ја правам цела процедура од погоре(без расправијата со девојката на шалтер) и пред нецели 30мин успевам да го погодам и овој натпревар - ВТОРА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА НА НАШИТЕ МОМЦИ. Дали на нашата репрезентација и нашиот клубски фудбал им претстои светла иднина - ЌЕ ВИДИМЕ!!!!
.
.
.
него за цело време едно не ми е јасно..
.
.
Еден куп кладилничари (искусни и почетници) на талоните ставиле пари за пораз на нашата репрезентација. Па се прашувам И сакам да ги прашам, како им успева?????? Седнуваат пред телевизор со пивцето, мезето или кој како си милува почнува натпреваров и...??? За кој навивате бе ПАТРИОТИ НАШИ??? Немој да речите дека навивате за Македонија зошто во тој случај не би ги ставиле парите (ЗА ЛЕБ) на противниците!!!

и така години уназат ја гледаме истата слика не само во фудбалот... и што е најтрагично не гледам некои големи СВЕТЛИ промени во иднина (добро де не сум Нострадамус, немам одкриено машина за патување низ времето и сл..),па само се надевам дека грешам и се ќе се промени.
јузер Секој натпревар на македонската репрезентација за мене е светост, кој се клади против неа не заслужува да се нарече македонец!
TimeHacker bash taka i e jyzer,igrav denes za makedonia protiv turcija i dobiv,ako sum albanec ! sekogas tipuvam za makedonia i navivam za makedonia,i plus odam na stadion koga ima utaknici vazhni gi sledam,sea ke odam so anglia
јузер Ај да частиш сега дека си добил :)
Јас не сум ич по кладењето, неќам да ги ошурам кладилнициве :)
wolf_pack Кај мене е религија кога игра репрезентацијата, јас со денови гмечам и галамам за победа пред било која утакмица:))
TimeHacker e ke ve castam obavezno,koga ke se vidime zdravje i vo drugi pobedi
Jakov Јас лани кога дојде Холандија во Скопје играв 2.
Прашањето на Дарк, за кого навивавте на утакмицата. Навивав за Македонија од почеток а од 20та минута навивав со мислата “Абе кој го ебе, 50 денари а биле а не биле“
Само јас не сум меродавен пошто во калдилница влегувам 4 пати у годината и од 7 натпревари погаѓам најмногу три :( што ќе рече труп.
Камо среќа Македонија стално да победува а ја да губам по 50 денари.
DJ_SHEMA jas pa nikogash ne se kladam na moi timovi.
macswiss СТУДИЈА
Обложувањето на фудбал повозбудливо од секс

Abe eve zoshto lugjeto se ludi po kladilnici, ne bilo rabota ze pari, drugo e vo prashanje
Zenski, sho ke praete koga ke sa namnozat ovie kladilnicive, ionaka gi ima premnogu

Фудбалскиот фан Хенрик Гердин може да биде задоволен. Неговиот тим израмни во последната минута, тој доби облог и неговиот пулс се забрза над нивото што се остварува при оргазам. Швеѓанецот е дел од истражувањето на англискиот универзитет "Лафброу" поврзано со Светското првенство во фудбал, кое ги тестира ефектите што ги има обложувањето на пулсот на навивачите.
- Пулсевите што ги измеривме за време на првата фаза од студијата се во иста линија со оние што се остваруваат при сексуалниот климакс и во некои случаи дури повеќе од тоа - изјави Рон Моган, професорот на "Лафброу" универзитетот.
Студијата ќе трае додека Англија остане на Мундијалот и ги мери нивоата на стрес и возбуда, доживеани од англиските навивачи и од навивачите на тимовите што играат со Англија.
Гердин се обложи на 100 фунти на точен резултат 2:2 за натпреварот Англија-Шведска (коефициент 20). Хенрик Ларсон израмни со погодокот во 90. минута (2:2) и предизвика еуфорија кај шведските навивачи на стадионот во Келн и кај Гердин во лабораторијата во Лондон.
- Тој буквално полуде. И мене ќе ми се случеше истото - вели Сајмон Гронинг, англиски навивач, кој, исто така, учествува во експериментот.
Сите учесници добија по 100 фунти од обложувалницата "Бетфер", која е спонзор на студијата и половина од нив добија задача да се обложат.
Досега резултатите покажуваат дека обложувањето на Светското првенство е повозбудливо од секс, судејќи барем според пулсот.
Учесниците во фазата на групите имаа просечни 120 отчукувања во минута. Според Американската срцева асоцијација, за време на оргазам пулсот на еден човек варира од 90 до 145 отчукувања во минута, со просечен врв од околу 115 отчукувања. Гердин имаше просек од 133 отчукувања, а неговиот врв изнесуваше 168 отчукувања во минута.


TimeHacker to znaci pad na seks vo vremeto na fudbal.!! epa cel svet e pred TV pred stadjon nema bogami i vreme i za SEX citav i vesnik za ova :)