Kako da ja zavedete na plaza?

Kako da ja zavedete na plaza?
otkacalkaMK
 
eve maski nesto za vasa korist
otkacalkaMK Како да ја заведете на плажа


Ах тоа лето! Стотици преубави жени, девојки уживаат на плажите.... Високите температури и малкуте парчиња облека сигурно ќе ја разбудат жештината кај вас, но се разбира и на плажите постојат некои правила на однесување, вообичаената тактика, иако променлива, има некои одредени промени.

Одберете го вистинското место!

На плажа, локацијата е закон. Потребно ви е местенце од каде што ќе можете да ги имате на вид сите девојки, но и место на кое можете да имате малку интима одкога ќе започне играта. Одберете некое место од кое може да се шетате од една на друга група на жени. Исто така подобро е да сте некаде во позадина, а не блиску до водата. Така ќе се тргнете од несаканите погледи кога ќе и пријдете на девојката, но сеуште ќе можете да ги пратите сите останати на плажата.

Забавувајте се со вашите другари.

Всушност, и заради тоа сте на плажа, зарем не? Смеата и забавата во вашето друштво е најдобриот начин да оставите добар впечаток и да привличете внимание. Кажете некој виц – нека приметат како добро си поминувате. Девојките едноставно ќе полудат за да ви се придружат во разговорот. Треба само да ги повикате.

Обавезно избегнувајте коментари за жената на плажа, без оглед на тоа дали можат да ве слушнат или не. Добрата забава не подразбира непристојно оговарање.

Не ѕверете се!

Ако баш мора да гледате во некоја, одберете темни наочари за сонце. Не дозволувајте другите да ве приметат дека гледате во некоја жена. Брз елегантен поглед е сосема во ред - "лигавењето" не е.

Не се однесувајте како тинејџер.

Она што ги намалува вашите шанси за успех кај некоја лепотица на плажата:

- не бидете пијани и не се однесувајте како опседнати;

- не свиркајте и не им досадувајте на девојките;

- не влегувајте во вода со испуштање секакви крици;

- не прскајте ги сите околу вас;

- не пуштајте гласна музика;

- немојте да ја замолите девојката да ве намачка со лосион;

- не и понудувајте на девојката вие да ја намачкате со лосион за сончање (освен ако не добиете недовосмислени сигнали од неа).

Доколку сакате да оставите впечаток на џентлмен, никако немојте да и понудите на девојката пијалок. Подобра варијанта е ладна вода. Нема да помисли како автоматски би сакале да ја опијаните.