25 Noemvri
25 Noemvri
AngeIGirl 1939. - Во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни "Бели мугри" од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна. Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ - експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура. 1993.- Весникот "Нова Македонија", освен со текст, присутен и со фотографии во сите делови на Европа и светот. Со вклучувањето преку сателитска врска во фото-сервисот на ЕПА (Европска фото агенција), "Нова Македонија" визуелно ги покрива сите значајни дневни настани во светот. Angelche