27 Noemvri
27 Noemvri
BorisVM 1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала - Целзиусова скала. Во 1736 година учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на меридијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетна игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Умре на 25.04.1744 година. 1895. - Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. "Наградите треба да се делат без оглед на националноста", пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. 1919. - По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. 1926. - Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија. 1942. - Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите. 1946. - Солунскиот партиски весник "Лаки Фони" објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови. 1955. - Во Париз умре Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. И припаѓал на композиторската група "Шестмина". Роден е на 11.03.1892 година. 1982. - Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната "економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република". 1997.- Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија