09.02
09.02
yURI 1881.- Во Петроград умре Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател. Неговото влијание врз развојот на светската литература е од извонредно значење. Во карактерот на своите ликови го открива процесот на поделеноста на вниманието на читателот врз моралната содржина на своите романи. Конструира фабули со криминалистички заплет. Поради револуционерната активност беше прогонет во Сибир. Меѓу неговите најпознати дела се романите и расказите "Бедни луѓе", "Бели ноќи", "Злосторство и казна", "Браќата Карамазови", "Идиот", "Записи од мртвиот дом" и други. Роден е во Москва, на 11.11.1821 година. 1922.- Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна "Интернационала". Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство. 1943.- Почна битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија. 1993.- Патувајќи од Прилеп за Струмица, во сообраќајна несреќа загина Мину Угриновска, актерка на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп. Родена е на 11.10.1968 година. 1995.- Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи . Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )