Gane Todorovski
Gane Todorovski
melpomena Звукот на душата (За окарината на Михаил Ренџов) Ќе го подземеме патот под нозе Со таква сигурност, неоти Ќе талкаме со денови Накај најблискиот Вавилон - И некаде на полпат во далечината Ќе се подзапреме, бидејќи Ќе треба да се вслушаме Во звуците на волшебницата - окарината… Во чиј ли ум е родено, Од чии прсти ли е стокмено Тоа ништотно парченце глина, Таа чудесија окарина, Јајчеста, Валчеста, Ковчеста, Со десет дупчиња За десет тонски скали, Зад кои потајум ѕиркаат Вечно будните звуци На неотклучената милновина, Низ која душата се слуша Како шуми ли шуми… Надуј ги белите дробови Епископу брегалничко-нерешки (на зборот) Да ти ја слушнам душата, бидејќи Јас пак и пак и пак Ќе доталкам на полноќ Пругоре по мојата Пчиња, Од Кожле ќе се искачам До Прохор Пчински пешки, По козји врвици ќе акам, Низ трње ќе се провирам С#232; до кај чардаците на изгрејсонцето Асномско - За да ти ја слушнам песната Што остана да лебдее Во воздухот покрај манастирот, Раздобена во звучни интервали И растреперена Неоти несфатена вина, Таму, Во дворјето и во конаците, Другар галидуша, Господине, господине, господине Со окарина. (Прохор Пчински, листокап 1989)
melpomena Еден човек Има еден има еден Многу многу многу човек - Белки цело човештво е! Чунки живо божество е! Има еден има човек Од човека почовек е: Прецедена човештина! Препечена убавина! Топлината на душата Ти ја дава да се згрееш; Бистрината на главата Ти ја дава да успееш... Тој со зборови те гледа, Тој со очите ти збори - Малкузборник - многусторник Те облекува во грижи. Го сретнеш ли, ти среќата За цел живот ќе ја имаш, Го видиш ли - видовит си, Го снема ли - тешко тебе! Има таков многучовек, Твоето е да го бараш -