Mateja Matevski
Mateja Matevski
melpomena Раѓање на трагедијата Кога Аристотел ја утврди вистинската состојба на нештата и го одреди патот како се претвора ведрото во облачно и кога насмевот се претвори во грч а зборот во меч болката постоеше веќе Зашто раката долго веќе се моделираше со рака и зборот со збор за да го истераат злото од светот Но злото беше внатре и во неумоливите правила и во неизбежните постапки А од виното и сонцето пијан Дионис одамна мавташе наоколу со фалусот и мечот терајќи ги да пеат одраните лишки И така се раѓаше песната Додека жените се завиваа во црно додека гореа кулите и тонеа бродовите и коњите ги гмечеа плодовите на земјата а срцето се претвораше во сува оскоруша и крвта ја напушташе плотта Тоа и немаше некоја голема врска со херојството ни плачот на осамата ни солзите врз огништето пусто Но стариот филозоф и сега би ја клал сета таа кланица во убави правила на играта додека публиката продолжува да ракоплеска на смртта