Za Makedonija - Ferid Muhic
Za Makedonija - Ferid Muhic
melpomena Македонија не е Остров. Таа никогаш не била „заборавено место“, ниту „место на заборавот“ никогаш не се криела зад непроѕирните ѕидишта од далечина и закани. Не никнувала врз недоверба, ниту израснала во место на кое омразата кон Другиот ќе се смета за достојно засолниште од стравот кон Него. Во нејзиното сеќавање, во сумата на нејзината историска свест, поимите на „периферност“ и „инфериорност“, толку карактеристични како постојани придружници на земјите што биле изолирани и што изолирано и живееле - никогаш не се врежале ниту успеале да го формулираат своето значење. Без Македонија, светот би бил сума на големи осамености. Раздвоеноста е најнагласен белег на оваа планета: покрај стотици илјади острови и островчиња, обвиткани во мачното настојување да не се потоне во атавистичка јанѕа, дури и континентите се - сепак, само острови. Насекаде околу нив, дебело, недогледно море. А човекот „не е Остров, не е сам за себе секој човек е дел од Континентот, парче од Копното...“. Го знаеле тоа многумина, можеби, секој човек, од секогаш. Но, и на Џон Дан и на Ернест Хемингвеј, тоа знаење им било поттик да $ се спротивстават на безмилосната фактографија на сопствениот живот, но само низ поезијата, низ уметноста. Поетот Дан, што толку длабоко ја почувствувал потребата од поврзување на делчињата на човечкото копно, во големиот Континент на човечноста, живеел и починал на островот - Англија масторот на новелата, Хемингвеј, автентично потресен од истата благородна свест за тоа дека камбаните што бијат по еден починат човек, бијат по секој жив човек, сепак морал да прифати да живее според „законот на островот“ - неговата куќа била на островот Ки Вест, залудно загледана кон некакво обединување и премостување на морската шир што го дели човек од човека. И едниот и другиот останале со неисполнет сон: не ја нашле својата Македонија. Барањето на Македонија! Ете го, стегнат во еден повик, сонот на човештвото, расфрлано низ архипелагот на осаменото и разделеното живеење. Далеку од тоа да биде локалистички пренагласена метафора без покритие, овој повик - оглас на географската специфичност, дури и уникатност во светски рамки, наедно е и привилегирана формулација на менталното компаративно предимство на жителите на Македонија, во вкупната топографија на душата на светот. Македонија е конкретен противстав на императивот на себичноста на самотијата таа е, како чиста дарбина на поврзаноста со светот, диртектен демант на тезата за судбинската осаменост на човекот во овој и ваков свет. Барањето на Македонија е, затоа, барање на гравитационото јадро на искинатото Копно! Тоа е потрага по онаа точка по која, низ сонот и јавето, талкал Архимед - не толку за да го подвижи светот - зар тој и така и така не се движи, и зар Архимед не го знаел тоа! - колку за да го подвижи во одредена насока: кон спојување и разбирање. Но, ако Архимед не успеал да ја изнајде таа толку сакана, таа толку потребна, болно неопходна „цврста точка“ (со што, како и најголем број други луѓе, бил поблиску до тоа своето вистинско име да го прочита како „Архи-чемер“, зашто без таа точка, „она што било мед“ се сторило пелин и чемер), нејзината локација, во оној дел од светот што е наречен „Македонија“, веќе била согледана како токму тоа. Имено, подрачјето на фасцинантниот басен, познат како Медитеран, навистина стои „среде Земјата“. Во него се капат децата на Европа, на Азија, на Африка. По нешто, од секој Континент, стигнува до плажите и карпите, до ридовите и 'ртовите и на трите континенти. Не само жешкиот пустински ветер „хамсин“, туку и многубројни растенија, различни животни не само маслинките и смоквите, туку и големи, долги дождови не само гордиот бор, туку и остриот „северец“ - ги вкрстуваат патеките и го прелетуваат Средоземното Море, коешто, навидум засекогаш, ги разделило трите најголеми светски Копна: Европа, Африка, Азија! Меѓутоа, Средоземјето, тоа вистинско „средиште на светот“, го има сопственото средиште-местото во кое трите големи осаменици, континентите, се среќаваат и се запознаваат. Местото во кое е одречена најстрашната клетва фрлена врз човекот - да живее во страв и осаменост! Македонија - центарот на средиштето на светот, е вистински во живо остварен амалгам на комуникација, посилен од растојанијата и амбисите што би да го оневозможат разговорот, ставајќи мегу лугето глуви празнини. Македонија е универзален еквивалент, толку гостољубив и погоден за живот што во него има место за сето она што дува, или врне, што расне или живее во Медитеранот - и сепак, доволно богата та своите ветрови, своите дождови, своите води, билките и птиците, да им ги подари на трите најголеми светски континенти. А толку јасна, толку своја, што на с#232; што ќе допре, му го дава сопствениот израз што не се брише, ниту заборава. Израз со кој, с#232; и сите, еднаш допрени, се разубавуваат и се гордеат. Единствената положба и неспоредливите капацитети да им биде дом на климата, билките, животните и луѓето на трите Континенти, на Македонија оправдано $ го донесоа највозвишениот епитет што кому и да е и на кој и да е дел од Земјата, досега е даден: "CATENA MUNDI"! „КОПЧАТА НА СВЕТОТ“! Со што повисоко може да се закити нешто или некој, освен со тоа што ќе рече дека е „Спона на Светот“!#232; Какви пофалби можат да го засенат благородното и возвишено значење коешто толку ведро се шири од смислата содржана во тие зборови!#232; И најмоќната империја, и најголемото царство стојат наспроти - двојат, застрашуваат, се конфронтираат кон сиот друг свет. Моќта и е - само уште една, и тоа најстрашната!- меѓу бариерите со кои светот е раздробен и разделен. Зар силата со која пречките, ѕидиштата, бариерите на сеопштата раздвоеност се создадени, или се креваат, не е помала од силата со која тие пречки се поништуваат, неутрализираат, се совладуваат!#232; А токму тоа е основен белег на Македонија! Токму за неа, луѓето го чувале и смислиле, го домислиле најубавиот епитет за својата највозвишена мисла и најстрасна потреба: „Catena Mundi!“ - Спојот на световите - оној олицетворен миг на способност да се соочиме и да се разбереме со Другиот - да ја совладаме неговата вечно туѓа и застрашувачка, дури, непријателска лика на недоловливост и недостапност - ликата каква што и нему му се прикажува низ нас. Светот не би знаел што значи зборот „Средба“- ако не постоеше Македонија! Затоа, Македонија, како „место на кое се среќаваат световите“, и уште повеќе, „она со што световите се поврзани“, е единствениот универзален еквивалент. Таа е спој, алка, копча - но, не каква и да е, само да држи! - туку таа, наедно е „Цатена Ауреа“- најубава копча од уметнички излеано злато! Македонија го држи, го поврзува, го зближува светот - но, таа е и негов најубав украс. Комбинација на најтврди материјали и најубава филигранска обработка на тој спој, наречена Македонија, е без паралела и преседан. Излезот од универзалната осаменост се вика - Македонија. Во неа се средоточи и се дешифрира таинствениот алгоритам со кој поврзувањето и средбата, од ретка и краткотрајна привилегија на поединци, се престори во космички настан. Наместо таа да бара да биде сметана за дел од овој или оној континент, Македонија има суверено право да очекува континентите во неа да го видат оној свој најважен, најубав и најхуман дел: делот со кој секој од трите континенти партиципира во другите два. И ниту еден помал од другите двајца, како што би рекол поетот за „... Ветрот, небото и земјата“. Поставена во самото динамичко средиште на тектонскиот тријадичен судир- Европа, Азија, Африка - Македонија, пред повеќе од 2.500 години била сметана за средиште и самата оска на ротација на сиот познат свет. Другите два Континента - двата големи острова, Америка и Австралија - останаа во функција на два издвоени, слободни стабилизатори на централната маса на копното, обединета во подрачјето на - Македонија. Легендите врзани за потеклото на настанокот на Македонија и нејзиното име, носат пророчки густа порака, која, во светлината на генералниот факт што посочува кон неа како кон „Копчата на Светот, излеана од злато“, добиваат фрапантна, до детали доследна, поткрепа. Имено, со потелото на името, доколку нашата централна хипотеза држи, би требало да се гордеат и трите континенти коишто, во времето во кое името е настанато, биле сметани за елементи на целиот свет. И може ли да се бара поголема потврда од фактот што името „Македонија“ преку личноста на „Македон“, митологијата го констатира во трите основни топоси! Или, поставено поинаку: што митовите со кои и Европа и Африка и Азија го објаснуваат своето разрешување на изолацијата и единствената точка на автентичен допир и спојување, го врзуват токму името - Македон, со топосот - Македонија!#232; И во трите мита, покрај божественото, односно, кралското потекло на Македон се истакнуваат и неговата справедливост, воздржаност и мудрост, што во едно повисоко рамниште на интерпретацијата, го сугерира особениот квалитет на личноста на оној што ги поврзал и ги обединил трите толку спротивставени света: на белиот, на жолтиот и на цриот човек. Така, европската митологија Македон го смета за син на самиот Зевс и Тиа, кому, поради особените вредности на душата и големата телесна сила, таткото Зевс му го доверил најчувствителното и најважното подрачје на светот - оската во која се допираат трите Континенти. Мошне е индикативно што братот на Македон е - Магнет. Очигледно големата адхезивна енергија, неопходна за таква титанска задача, каква што е одржувањето на трите дела на светот заедно, е во најблиско сродство со самиот Македон, кому магнетската моќ му била и уште колку потребна. Меѓутоа, и Азија го има својот херој на зближување, и, што е крајно необично, го именува со истото име - Македон. Овојпат, Македон е кралски син. Неговиот татко е Ликаеон, справедлив и умен крал, миленик на боговите. Владеел со Аркадија, најтивкото и најидилично кралство на сите времиња. Со овие два детала се упатува на неоходните одлики на оној што ќе треба да го обедини светот: да биде умен и одмерен, а неговата душа се оформува во смиреност и благост на аркадиската хармонија. И во овој мит, Македон го добил своето кралство во подрачјето на Македонија, именувана според него. Третиот, Африкански мит, потекнува од Египет. Македон е повторно божји син - чедо на Озирис лично! Неговиот небесен татко му ги доверил Тракија и Македонија за негово кралство, во коешто тој владеел и според законот и според добрината. Оваа исклучителна коинциденција на трите митолошки експликации на потеклото на името на подрачјето, наречено „Македонија“, сосема логично ја расветлува онаа блескава синтагма, резервирана токму за Македонија: „Catena Mundi!“, „Копчата на световите“ го оправдала своето име и како таква е прифатена од трите делови поврзани токму преку неа и споени со нејзината обединувачка сила. Оваа изразито кохезивна, позитивно нотирана како вредност, конструктивна како ефект - проценка на светската улога на навидум малата Македонија (зар и средиштето на тркалото не е малечко, па сепак, нели тоа е и најзначајниот негов дел! Зошто тркалото на Светот да биде поинаку конципирано#232;)- се вклопува во единствената контраиндикација. Имено, освојувачкиот потфат на Александар Македонски, на прв поглед ја доведува во прашање целата теза. Освојувањето на светот не е дело што без тешкотии може да се толкува како конструктивно и кохезивно настојување. Меѓутоа, овој највеличествен поход на сите времиња, сосема се издвојува од другите освојувачки акции низ историјата. Најнапред, самиот Александар Македонски, според сите зачувани извори, сакал освојувањето да биде извршено со максимално почитување на етичките норми и воинствениот кодекс. Уште поважно, тој во овој свој животен потфат видел нешто сосема друго од едноставно поробување, односно, покорување и освојување на земјите со коишто војувал. За него, улогата на Македонија не се менувала битно: од „Копчата на светот“, од оној спој, Македонија, со концентрирана моќ и ентузијазам, со мудроста и смелоста, со справедливоста и културата, можела да стане активен принцип на обединување на светот. Затоа, и само затоа, секаде каде што ги поразувал противниците и сатрапите, тој инсистирал да се воведе власт во согласност со законите на умот и моралот, а неправдите и самоволието најстрого ги казнувал. Затоа, и само затоа, инсистирал ниту една од младите жени и ќерки на моќната Персија, да не биде навредена ниту понижувана од неговите генерали и војници, туку да бидат почитувани како нивни законски сопруги - заради што и нареди да се „венчаат сватовите“ на големата свадба на која, како што бележат изворите, имало над 20.000 двојки. Така, идејата на Александар, како што наведува и турскиот адмирал Реис Пири, била истата како и неговото животно гесло: „Само оној што учи од совршеното, и самиот станува совршен!“ Интересно е дека истиот автор со голем восхит го истакнува својството на „Искендер“, никогаш да не се гледа дали луѓето се „облечени во свила иил во партали, дали се богати или сиромаси“, и дека за него најважно било колку тие се „способни да живеат заедно со другите луѓе - според божји и човечки закони“! Погледнете ја! Но, внимателно! Долго и со сето знаење, со трпеливоста, со вниманието, што воопшто ќе ни бидат дадени внесете се во неа! Во таа космичка градба што се поставува пред Времето, пред Создавањето на светот. Дозволете му на тој таинствено интимен облик што блика со архитектониката од која сигурно произлегло времето на Генесис да ги допре местата на нашиот „палимпсест“ - во душата за која зборувал еден Платон. Може ли да е чудно што „плеќестиот филозоф“ знаел толку работи за „душата што се сеќава“, ако се сетиме дека бил роден и живеел толку блиску до Центарот на средиштето на световите - до Македонија!#232; Зар овој златест облик, оваа „чиста форма“ не е инкарниран, отелотворен облик врз алгоритамот на кој е изграден светот. Апсолутното црнило на празното Ништо, пред создавањето на Космосот, е исполнето тука, на оваа слика, не со делото, не со резултатот, туку со концептот. Ете што "in concreto", она што е креативната шифра на создавањето и што е, едновремено, кодексот и канонот, упатството и советот за опстанокот и развитокот на универзумот. С#232; може да биде создадено од Тоа - но, само Тоа е аксиомот кој, за своето создавање нема ништо друго, освен себеси. Ако нашето тело, ако кое и да е тело е реализација на идејата вградена во душата на вселената, ова чудесна градба е реализација и соматизација на самата таа душа! Слушнете го она што таа му го соопштува на светот! Што мислеле мудреците кога ја истакнувале тричленоста, тријадичноста на создавањето#232; Што ако не дека сето она што Е, е составено од внатрешно двојство, од универзалниот интеграл - биномот! - и дека светот е раздвоен затоа што во спојувањето ја остварува својата највисока способност - творештвото во новото, перпетуириње на блескавиот Прв Револт против празното, црното Ништо. Емпедокле, уште еден од оние што ја имале среќата да бидат родени во близина на „Спојот на световите“, разбрал дека коренот на светот е во раздвојувањето на она што изворно било Едно. Само така, барајќи се, совладувајќи го безмерниот копнеж по оној Другиот, Космосот може да ги наведе своите креативни капацитети да создаваат нови и нови содржини на вредности и убавина. Што е Љубовта, се прашува Емпедокле, ако не силата со која се стремиме по Другиот и со која Другиот н#232; има нас за услов на сопственото постоење!#232; Зар истиот тој величествен мудрец не го илустрира тоа со сопствената сандала - откога скокна во вулканот Етна, таа излезе на бранот на вжештената лава, токму на местото на коешто кажа Емпедокле дека пријателите треба да ја очекуваат! Зар Хегел, не токлу привилегиран да биде на местото во кое е закажана и остварена средбата на световите - значи, роден далеку од Македонија - не беше сосема сигурен дека мудроста од тој предел е најдлабокото што им се открило на смртниците!#232; Зар не сметал дека одгатката на вселенската енигма е - таму каде што е Македонија!#232; И зар неговата дијалектика е нешто друго, освен темелна филозофска анализа - еден ерудитски коментар на токму ова што е тука, на сликата пред нашите очи: ПАФТАТА ОД МАКЕДОНИЈА! Тука има три елементи. Секој достатен да опстане. Неповрзани, пак, сите три неспособни да создадат што и да е ! Тајната на пафтаста е тајната на поврзувањето! Околу секоја, тенок филигрански кован синџир: две раздвоености, поврзани со трета, средната резултанта. И во целина: на секоја основното тело $ е само сугестија на поврзувачкиот елемент за двете раздвоени, ненаметливо, но недвосмислено нагласени назнаки на крилјата. И на секоја, сред динамичкото тежиште, во самиот фокус на вкрстување на силите и масата на секој од трите делови, зар не е кругот - совршената хармониска партитура на вселената. И не свети ли, однатре, испакнатиот жар на Сончевиот оган#232; А од самото средиште, зар повторно не се подвлекува истата ука: три синџири, завршен со три нови круга#232; А сите споени во заедничкото средиште - зар не се!#232; А централниот дел од „Македонската пафта“ - таа концептуална лулка на генезата, нели и тој е повторно, нагласена и зголемена, па сепак, сосема истата формула#232; Основното тело сега, самата таа. Нејзините крилја, сега веќе сосема раширени, како што и мора да биде за летот што треба да трае, да продолжи во вечноста, зар не се оние две целини, левата и десната, во кои ја препознаваме и ја најдовме истата шифра. Сега, бездруго, таа основна маса е монументална,зашто треба да ги одржи дури и, супсумира и двете странични, преку неа обединети целини. И кругот во средината е поголем, од истата причина. И сонцето врежано во кругот, посилно е, потопло - зашто ги избира сјајот и топлината на двата со кои е поврзано. А синџирот, фрлен како ректорски, кралски знак, не е празна орнаментална параферналија, туку вистинска инсигнија на клучниот столб на светот. И тој синџир е трикратно исплетен а со него се надополнува оној што е врзан во центарот - за онаа „Catena Mundi!“ од која с#232; излегува и во која сите линии одново се сечат. И централниот е опточен со тројна бисерно филигранска тока што тече околу него, а на крајот од централните три синџира, пак се прицврстени трите совршени круга! Оној што ќе ја разбере концепцијата на „Македонската пафта“, тој ќе ја разбере анатомијата на нашата Планета. Земјата ги создаде Островите само затоа што Македонија не е остров. Само затоа што Македонија покажува како Островите стануваат Континенти. Од книгата „Македонија - копчата на светот“, „Табернакул“, 1994
AaaAa Neverojatna Kniga, mene omilena, koj ima sansa neka ja procita celata, ja Ima na CD da se kupi vo Makedonija, sliki nevideni. I pak ke se navratam na kritikite samo ke kazam deka Muhic ko iskoci vo Makedonija javno da gi iskazuva svoite politicki viduvanja makedonecot go diskreditira samo zatoa shto ne bil roden vo Makedonija, bez razlika na toa shto vakva kniga, koja e eden dlabok filozofski portret na edno parce zemja obleana so nevidena ljubov od strana na avtorot nieden drug Makedonec nema napisano, bar ne vo ponovo vreme.
BorisVM Pa toa deka go dikreditiraat te chudi? Jas lichno se znam i so nego i so negovite, chovekot e Makedonec, bez razlika na toa kade e roden.
AaaAa Mene da me cudi ? ne me smej. Jas i ti znaeme koj e Ferid Muhic ama nemora da go znaesh licno za da znaesh deka e toa Karpa od Covek, nemora ni da ja citash Catena Mundi, let alone Stit od Zlato, falco Peregrinus ili 100 cekori iznad,dovolno e samo da mu gi citash kolumnite vo Dnevnik. Vo sekoj slucaj ne za dzabe rekle Srbive "Iza se dobrog konja dize prasina," samo toj sekogash gi ima pravite zborovi da kaze se kako shto treba, zatoa ke ostavam na nego ... Колумна - Ферид Мухиќ Критериуми Колку повеќе коментари предизвикува, толку расне и значењето на авторот. И обратно, колку помалку реакции, уште појасно е дека станува збор за минорен опус Во еден постхумно објавен текст, Лудвиг Витгенштајн, авторот на Tractatus го допира прашањето за критериумот за рангирање на мислителите според нивната релевантност и големина. Витгенштајн заклучува дека постои само еден објективен, за проверка подложен и квантификациски мерлив критериум. Тоа е соодносот меѓу бројот на реагирањата и коментарите на кои се потпира еден автор, од една страна, и бројот на реакциите и коментарите што ги предизвикува тој автор. Според овој инструмент на Витгенштајн, апсолутно најголем е мислителот што не коментира никого, а кого го коментираат сите. На долната страна од оваа амплитуда е авторот што само ги коментира ставовите на другите, додека него самиот, пак, не го коментира никој. Со оглед на фактот што вакви екстреми во реалноста едноставно не се регистрирани, важноста и големината ("relevace ad magitude") на еден опус се определуваат во местото што тој го зазема на ваквата скала за мерење. Колку повеќе коментари предизвикува, толку расне и значењето на авторот. И обратно, колку помалку реакции, уште појасно е дека станува збор за минорен опус. Вашиот колумнист, драги мои читатели, го примени овој модел врз сопствените текстови во својата колумна. И види чудо! Колку самиот и да ги сметаше овие текстови за скромни, патемни потсетувања на нештата што го чинат животот вреден за живеење, еден вид мали расправи по разбирање и почит, посветени на своите сограѓани, вашиот автор мораше да се соочи со едно неверојатно пријатно сознание! Тој е и читан и коментиран дотаму што тоа далеку ги надминува и најсмелите амбиции. Имено, дека во околности во кои нашата културна, економска, меѓуетничка, внатрешна и меѓународна политичка реалност се соочуваат со низа предизвици, од оние најделикатните, до директните закани за опстанокот, идентитетот, самобитноста, конципирањето на стратегијата, ќе има толку разумни, одговорни јавни личности што ќе му дадат приоритет на она што го пишува вашиот колумнист - тоа, ќе се согласите, е навистина фантастично признание за актуелноста на неговиот ангажман! Го изведувам заклучокот: големината едноставно не може да се игнорира! Вака поволен резултат од оваа Videmiatio Prima (прва берба, прва жетва, реколта), го обврзува, драги читатели, вашиот колумнист јавно да им се заблагодари на своите коментатори, односно, на сите истакнати дејци што со своите постојани написи и читателска љубопитност инспирирани од неговите колумни, јавно придонесоа за неговиот волку висок рејтинг, несебично одделувајќи од своето време и обврски. Наедно, од благодарност за ваква афирмација, сакам и јас нешто да сторам за нив. Охрабрувајќи ги да продолжат, ќе им помогнам со еден совет. Господа коментатори, самата љубопитност не е доволна. Ниту желбата. За да изречете разумен збор на толку сложени теми, во кои лекомислено се впуштате, ќе треба да го напуштите методот "бос в трње". За и вие да почнете да станувате релевантен синор во мисловната топографија, ќе биде потребен најнапред многу туткал, како што вели еден мој пријател. Туткалот на столчето и потоа долго седење и читање. На внимателно одбрана и апдејтирана литература. На господинот проф. д-р Борис Никодиновски, Петар Бошевски и за другите уважени читатели што ја споделуваат неговата монументална неинформираност, им ја препорачувам студијата Cigarettes Are Sublime (Richard Klei Duke Uiversity Press, Durham ad Lodo, 1993). На крајот од оваа студија има мошне инструктивна библиографија со околу 90 референци. Нека ми биде дозволено да им сугерирам да не преминуваат на делата од Мишел Фуко, Жил Делез, Феликс Гатари, кои го елаборираат проблемот на контролата на задоволството, пред да го совладаат барем делот од споменатата библиографија. На џентлменот што покрај целосното непознавање, демонстрира и разбирлива аверзија кон филозофијата (разбирлива, затоа што игноранцијата е мајка на секое потценување!), а со кој инаку ја споделувам честа да пишувам за заедничките читатели - и тој е колумнист (оставам место за чуденка) - како неопходна лектира му ги препорачувам двете класични студии. Тие се однесуваат на особеностите на Швајцарија, за која лично не пропуштам можност да истакнам дека не може да биде парадигматична за Македонија, од што не следува дека и нема ништо вредно да се научи од нејзиното искуство, како што тврди неупатениот колумнист. За толку жално отсуство на информираност и соодветно импресивната доза догматичка заслепеност, какви што тој ги демонстрира по однос на ова прашање (не само за него!), овие две капитални студии може да бидат вистински интелектуален серум: Steiberg, Joatha, Why Switzerlad?, Uiversity of Cambridge, 1996; La Suisse-ue idylle?/Die Sch weiz - eie idylle? Pressec Uiversitaires de Strasbourg, 2002. Овој господин, инаку, пишува за неверојатен број луѓе; за тие што го поканиле на ручек (што имало за ручек), за тие со кои испил едно кафе, (какво било кафето), за некој што му испратил макар едно писмо (се очекува само уште да ги објави и своите собрани автобуски карти!). Но што да се прави, сосема залудно колку и да пишува за другите, за него самиот, никој ништо да напише! Сосема разбирливо, во светлината на фактот дека интелектуалниот дијалог го инспирираат мислите содржани во еден текст, а не пустата желба на авторот да расправа за тоа колку шеќер имало во неговото кафе! Со следниот совет беневолентно му го поправам катастрофалниот рејтинг на самото дно од скалата на Витгенштајн, не спомнувајќи му го името, поради императивот на деликатноста. Тој вели за себе: "И самиот, пред четириесет години размислував". Виц на годината! Не можете да убедите никого дека денес знаете да мислите со тоа што тврдите дека сте знаеле да размислувате пред четириесет години! Немојте така, луѓето ќе ви се подбиваат. Ќе прашаат дали има преживеани сведоци! Ако не дадете наскоро конкретен доказ, кој ќе ви поверува!? Јас сум наклонет да му верувам. Но што да правиме со јавноста, на која, со ниту еден негов текст или јавен настап, досега не и дал барем индиција дека се уште ја практикува таа способност, која, наводно, некогаш ја имал!? Па макар тоа да било и пред легендарните четириесет години, на кои се повикува!