Otkriena hemikalija koja go kontrolira sonot
Otkriena hemikalija koja go kontrolira sonot
yURI Откритието на американските научници од универзитетот во Тексас би можело да им помогне на луѓето подолго време да останат будни, но и за пронаоѓање на лек за нарколепсијата. Луѓето кои боледуваат од нарколепсија може да заспијат било каде и без предупредување, а често страдаат и од халуцинации кои наликуваат на ноќните кошмари. Научниците долго време не можеле да ја откријат причината на оваа болест, а на пациентите за да можат да ги контролираат симптомите им препишувале амфетамини кои можат да имаат тешки нус-ефекти. Научниците што ја проучувале дебелината, случајно ја откриле причината на оваа болест - орексин е првата хемикалија кај која е откриена врската со нарколепсијата. Орексинот може да се пронајде во хипоталамусот, дел од мозокот кој ги контролира функциите како што се телесната температура и спиењето. Со анализа на мозокот на луѓето кои боледуваат од нарколепсија е откриено дека тие имаат само 10 проценти од бројот на клетките што го произведуваат орексинот, во споредба со бројот на таквите клетки кај здравите испитаници. Ова откритие би овозможило создавање на лек против нарколепсијата, а би можело да им користи и на луѓето што работат во смени, за да останат будни неколку денови по ред. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )