Na deneshen den 15.02.2003
Na deneshen den 15.02.2003
yURI На денешен ден 15.02.2003 1564.- Во Пиза е роден Галилео Галилеј, прочуен италијански астроном и физичар. Ги проучуваше проблемите на механичкото слободно паѓање, хоризонталниот истрел и друго. Конструира телескоп кој го постави на врвот на црквата "Свети Марко" во Венеција. Ги откри Јупитеровите месеци, појавата на Сончевите дамки и друго. Поради прифаќање на Коперниковиот хелио-центричен систем, се судри со Католичката црква. Кога имаше 70 години беше протеран од земјата. Умре на 8.01.1642 година. 1839.- Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на својот македонски народ, љубовта кон татковината и друго. Најпознато негово дело е поемата "Крвава кошула". Умре во Москва, на 15.02.1877 година. 1857.- Во Берлин умре Михаил Иванович Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил низ светот. Тој ја компонира првата руска национална опера "Иван Сусањин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонира оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Роден е во Новоспаско, кај Смоленск, на 1.06.1804 година. 1984.- Во Скопје умре акдемик Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на македонската акедемија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметничка и народна литература, како и од областа на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Роден е во Гостивар, на 30.01.1909 година. 1994.- Во Скопје умре Љубомир Белогаски, македонски сликар и академик. Роден е во Делчево, во 1911 година. 1994.- Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )