Na deneshen den 18.02.2003
Na deneshen den 18.02.2003
yURI На денешен ден 18.02.2003 1546.- Умре Мартин Лутер, основач на Протестанската црква во Германија и водач на реформацијата на Христијанската црква. Со преводот на "Библијата" - стана втемелувач на германскиот литературен јазик. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено. Роден е на 10.11.1483 година. 1564.- Во Рим умре Буонароти Микелаџело, италијански скулптор, сликар, градител и поет, еден од најголемите уметници на целата историја на цивилизацијата. Негови најпознати дела се скулптурите на "Давид", "Бахус", "Мојсеј", "Робови", "Пиета", циклусот фрески и олтарскиот дел на Сикстинската капела во Ватикан, како и архитектонското решение на базиликата "Свети Петар" во Рим. Роден е во Капрес, на 6.03.1475 година. 1745.- Роден е Александар Волта, италијански научник, физичар. Според неговото име се наречени голем број поими во физиката: волт, волтампер, волтин лак. Умре во 1827 година. 1945.- Во Скопје е отворен Работнички Дом, прв во Македонија. 1986.- Во Лос Анџелес умре Пол Стјуарт, американски филмски актер и режисер. Настапи во повеќе од 60 филмови, меѓу кои се "Граѓанинот Кејн" и "Одмаздата на Пинк Пантер". Роден е во 1909 година. 1992.- Со одлука на Собранието на Република Македонија е основано ЈП Македонска информативна агенција (МИА). Првите вести и извештаи датирани со кратенката МИА почнаа да се емитуваат во октомври, 1998 година. Дотогаш улогата на официјална македонска новинска агенција ја извршуваше Македонското прес-биро, етаблирано како посебна служба на Министерството (Секретаријат) за информации. МИА денеска своите сервиси ги емитува на македонски, албански, англиски и германски јазик. 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )