Otkriena e tanjata nasmevka na MONA LIZA
Otkriena e tanjata nasmevka na MONA LIZA
yURI Насмевката на Мона Лиза, од познатата слика на италијанскиот сликар Леонардо да Винчи, може да се забележи само кога гледачот го фокусира својот поглед на останатите делови од сликата. Ова откритие за "тајната на насмевката" на Мона Лиза го презентираше професорката Маргарет Ливингстоун од Универзитетот на Харвард, на овогодинешниот состанок на Американската асоцијација за развој на науките, што неделава се одржува во Денвер, Колорадо. "Насмевката "се губи" кога ќе погледнете во неа, затоа што тоа е начинот на кој човечкото око ја процесуира визуелната информација", објаснува Ливингстоун. човековото око функционира на два начини - директен и периферен. Според професорката, директната перцепција е добра за забележување на детали но е помалку соодветна за забележување на сенки. "Специфичноста на насмевката на Мона Лиза се објаснува со фактот дека е сликана во ниски спацијални фрекфенции и најдобро може да се забележи со периферна перцепција на окото", појаснува Ливингстоун. Колку повеќе гледачот го фокусира погледот, толку е понеефикасна неговата периферна визија. Овој принцип го користел и сликарот Да Винчи додека ја сликал "Мона Лиза", а насмевката станува "изострена" само ако гледачот погледне во нејзините очи или во останатите делови од нејзиното лице. "Мона Лиза" е насликата во 16-от век и веќе пет векови е предмет на дебати поради мистериозната насмевка на убавицата Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )