Bik tezok 2.1 toni
Bik tezok 2.1 toni
yURI БИК - ТЕЖОК 2,1 ТОН Минатогодишниот шампион на Новосадскиот саем за земјоделски производи, бикот Фердинанд од селото Мионица достигна тежина од 2.100 килограми. Тој дневно јаде 100 килограми храна и концентрати и пие 60 литри вода. Неговиот сопственик Милован Мијатовиќ не сака да се одвои од својот колос ниту за 30.000 евра колку што му понудиле канадските фармери. Фердинанд живее во "харем" со 30 крави и 15 јунци, како и со 12 телиња. Тој и неговиот сопственик се подготвуваат за овогодинашниот саем на земјоделски производи во Нови Сад. Со просечно годишно производство од 100.000 литри млеко, кое на почетокот и го испорачувал на Млекарата во Лајковиќ, а неодамна и на "Имлек", и со 20.000 килограми меса, Мијатовиќ е меѓу најпознатите производители на храна во Србија. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )