Na deneshen den 27.02
Na deneshen den 27.02
yURI На денешен ден 27.02.2003 1873.- Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите "Спомени" и "Методи на пеење". Умре во Неапол, на 2.08.1921 година. 1936.- Умре Иван Павлов, руски научник, лекар - физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14.09.1849 година. 1990.- Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на "Илијада" од Хомер, "Скендербег" од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2.07.1911 година. 1996.- Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )