Na deneshen den 28.02
Na deneshen den 28.02
yURI На денешен ден 28.02.2003 274.- Во Ниш е роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година, кој заедно со Лицијан, владетел на Источното римско царство, го издаде 313-тиот милански едикт со кој се дава слобода на вероисповедта на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формира нова престолнина на исток, Константинопол (Цариград, Истанбул). Умре во 337 година. 1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф - моралист. Дојде до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржа на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е "Есеи" во три тома. 1869.- Умре Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се "Поетски размислувања", "Поетски и религиозни хармонии", "Жаслен" и "Пат на исток". 1986.- Во Стокхолм е убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден е во Стокхолм, во 1927 година. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )