Na deneshen Den 02.03
Na deneshen Den 02.03
yURI 1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја. Умре во септември 1523 година. 1923.- Во Париз умре Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. Најзината глума обележа цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во "Кралот Лир", кралицата во "Руј Блаз", "Дамата со камелии", "Хамлет" и "Тоска". Родена е во Париз, на 23.10.1844 година. 1939.- Умре англискиот египтолог Хауард Картер кој во 1922 година ја откри гробницата на фараонот Тутанкамон. 1942.- Близу до селото Плетвар, Прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија. 1943.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија. 1946.- Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам. 1956.- Поранешната француска колонија Мароко се здоби со независност. 1972.- Во САД е лансиран вселенскиот брод "Пионер 10" за испитување на планетата Јупитер. 1973.- Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот Документ за мир во Виетнам. 1993.- Во Скопје, во Касарната "Гоце Делчев" се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана. 1995.- Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти за поврзаност со мафијата. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )