Na deneshen den 06.03
Na deneshen den 06.03
yURI 1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти Микеланџело (вистинското име му е Микеланџело ди Лодовико ди Леонардо ди Буонарото Симони), италијански скулптор, сликар, градител и поет, великан на италијанската уметничка ренесанса, еден од најголемите уметнички гении во целата историја на цивилизацијата. Со својот творечки потенцијал и нескотлив индивидуализам, тој е исклучителна појава во уметноста. Своите најпознати скулпторски и сликарски дела ги создаде во Рим и во Ватикан, меѓу кои се истакнуваат монументалната базилика на Свети Петар во Рим, фреските на Сикстинската капела во Ватикан, и скулптурите "Мојсеј", "Давид", "Пиета", "Бахус", "Робови" и други. Умре во Рим, на 18.02.1564 година. 1937.- Родена е Валентина Владимировна Терешкова, советски космонаут, прва жена која летна во вселената со вселенскиот брод "Восток 6" на 16.06.1963 година и до 19.06.1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри. 1957.- Двете некогашни британски колонии - Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана. 1973.- Во Данби умре Перл Бак, прочуена американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток - запад", "Змејово семе", "Синови". Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Родена е на 26.06.1892 година. 1978.- Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје. 1980. - Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на таа позната француска институција. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )