Na deneshen den 15.03
Na deneshen den 15.03
yURI 44 г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убија Гај Јулиј Цезар, римски восководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означи почетокот на граѓанската војна, во која загинаа сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграби итриот Октавијан, кој воведе монархија против која се бореа заговорниците. Цезар е роден на 12.07.100 година пред нашата ера. 1776.- Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4.07.1776 година. 1948.- Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно. 1974.- Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет "Македонска повест". Роден е во селото Будинарци, Беровско, на 8.05.1914 година. 1993.- ПТТ "Македонија", вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со знамето на Република Македонија. 1997.- Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )