Na deneshen den 16.03
Na deneshen den 16.03
yURI 1480.- Во Соброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го доби неговото име, на 16.03.1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загина во борба со домородниците на островот Макатан, на 27.04.1521 година. 1787.- Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го откри односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен Омов закон. Тој даде значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. "Ом" е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умре во 1854 година. 1925.- Во Берлин умре Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го воведе методот за преглед на крвта. Роден е во 1866 година. 1956.- Во Париз умре Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио - Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Родена е во 1897 година. 1987.- Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )