VIKEND Horoskop
VIKEND Horoskop
yURI ВИКЕНД ХОРОСКОП ОВЕН 21.3. - 20.4. Се возбудувате без никаква потреба. Ќе ги реализирате планираните обврски, но со дополнителен напор. На емотивен план се соочувате со непредвидлива ситуација. Планирате веридба или венчавка. Постои опасност од брзо заљубување, но и одљубување. БИК 21.4. - 21.5. Размислувате како да решите важен проблем. Иако сте подготвени да преземете конкретна акција, околностите ве спречуваат. Подложни сте на вирусни инфекции и ослабен имунитет. Ја делите енергијата на сто места и мечатеете за невозможното. БЛИЗНАЦИ 22.5. - 21.6. Расположени сте, ведри и истрајни. Позитивните особини ви се во прв план. Би можело да се каже дека сте идеални, но благата доза на посесивност и љубомора ја спречуваат можноста да ви пораснат крилја и да станете ангел. РАК 22.6. - 22.7. Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на омалаксаност, да ги намалите физичките активности и да почекате да мине оваа состојба. Постојат работи кои може да ги правите, а притоа да не се исцрпувате физички- читајте, на пример. ЛАВ 23.7. - 22.8. Концентрирани сте на креативната работа и планирањето на убави настани, преубави за да бидат реални. Шансата да заминете на пат станува се пореална. Но, не очекувајте премногу од тоа патување за подоцна да не се разочарате. ДЕВИЦА 23.8. - 22.9. Бидејќи ве очекуваат разни настани, водете сметка да не претерате во нешто. Обидете се да се дистанцирате од негативните случувања и да не се нервирате без потреба. Невнимателни сте, малку расеани, а со самото тоа и склони кон повреди. ТЕРЕЗИЈА 23.9. - 22.10. Се наоѓате во фаза на промени, свесни сте дека мора да вложите голем напор и трпение за да ги решите проблемите. Ништо не ви паѓа од небо, па и решението бара енергија и нерви. Со оглед на тоа што не можете да влијаете врз масата на случувања, а можете врз себе, смирете се. СКОРПИЈА 23.10. - 21.11. Ќе постигнете голем успех. Во посебно поволна положба се наоѓаат оние претставници на знакот кои се занимаваат со проучување на филозофијата, уметноста и теологијата. Но, нека не ве "заспијат" пофалбите и ловориките, зашто покрај вас се уште има и лоши луѓе од кои треба да се заштитите. СТРЕЛЕЦ 22.11. - 21.12. Ги забележувате и најситните детали, а тоа ќе ве одведе до решавање на проблемот. Енергијата се менува во текот на викендот, од зголемена енергија до состојба на омалаксаност, така што ви се советува одмор. Ќе добиете добар совет од еден пријател. ЈАРЕЦ 22.12. - 20.1. На никој не му треба толку многу љубов како на вас. Можеби претерувате со изливите на нежност и го врзувате премногу парнерот за себе? Бидејќи сте склони кон идеализирање, ќе заклучите дека сте гаеле лажна претстава за саканата личност. ВОДОЛИЈА 21.1. - 18.2. Доколку некој се обиде да ве исгрли од такт, обидете се да го сочувате здравиот разум. Можни се деловни нервози и грижа за домашните. Фатете се во костец со својата природа која ќе признаете и не е наједноставна. Свртете се кон работите од кои имате корист. РИБИ 19.2. - 20.3. Расположени сте за флертување, па затоа поведете поголема сметка за тоа. Скандалот е работа која во моментов најмалку ви треба. Ќе имате нови искуства во духовна сфера, додека на материјален план работите нема да одат како што сакате.