na denesen den 21.03.
na denesen den 21.03.
yURI 1685.- Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката. Беше познат како виртуоз на оргули. Тој го доведе до совршенство барокот, усовршувајќи ги и продлабочувајќи ги дотогашните средства на музичкиот израз. Се смета дека неговите "Голдберг-варијации" за инструменти со калвиши и жици претставуваат ремек-дело. Умре во Лајпциг, на 28.07.1750 година. 1829.- Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе. 1960.- Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација. 1960.- Во Сао Паоло е роден Аиритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Умре во Имола, Италија, на 1.05.1994 година. 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
Eko1 Na deneshen den.... jas napishav replu...:))))
yURI bravo