na Denesen den 23.03
na Denesen den 23.03
yURI 1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња. Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни дела, од кои најпознати се "Хамлет", "Крал Лир", "Ромео и Јулија", "Сонот на летната ноќ", "Отело" и "Магбет". Роден е во Стратфорд на Ејвон, на 26.04.1564 година. 1842.- Во Париз умре Шари Анри Бејл, познат по псевдонимот Стендал, француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Тој се здоби со големо животно искуство како офицер, чиновник, дипломат и писател за време на реставрацијата во Франција. Патуваше во многу земји, а особено љубов чувствуваше кон Италија. Негово најпознато дело е романот "Црвено и црно", во кое се дава хроника и критика на француското општество за време на реставрацијата. Други негови познати дела се "Животот на Хајдн", "Историјата на сликарството на Италија", "Рим" и "Арманса". Роден е во Гренобл, на 23.01.1783 година. 1908.- Родена е Џоана Крафорд, американска актерка, една од најславните актерки на Холивуд. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс" во 1945 година ја доби наградата Оскар. Престана да снима филмови во 1965 година, по што ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Умре на 10.05.1977 година. 1961.- Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите. 1994.- Министерството за односи со странство на Република Македонија преку амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава. 1996.- Во Скопје, САД добија нова амбасада и официјално го промовираа првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.