Amerikancite da ne odat na fitnes
Amerikancite da ne odat na fitnes
melpomena ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА АМБАСАДИТЕ НА САД И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ВО СКОПЈЕ Американците да не одат ни на фитнес На Интернет страницата на американската амбасада во Скопје стои предупредувачко соопштение дека "постојат лица кои имаат намера да нападнат американски државјани и американски претставништва во регионот, вклучувајќи ја и Македонија Поради информациите на Американскиот стејт департмент дека амбасадата на САД во Скопје може да биде цел на напад како одговор на воената акција во Ирак, Американската амбасада во Скопје ги предупреди Американците во Македонија, во интерес на нивната безбедност, да внимаваат на околината, да стојат настрана од демострации и толпи, да ги менуваат термините и патиштата при патување и да ги избегнуваат локациите каде обично се собираат Американци и странци, како што се ресторани, барови, хотели, трговски центри, па дури и фитнес сали. На Интернет страницата на американската амбасада во Скопје стои предупредувачко соопштение дека "постојат лица кои имаат намера да нападнат американски државјани и американски претставништва во регионот, вклучувајќи ја и Македонија". Ова предупредување е слично со препораката упатена до сите Американци во светот, по почнувањето на американско-британската воена акција во Ирак. Поради овие сознанија на Стејт департментот, американската амбасада во Скопје од четвртокот е затворена за јавноста и нема информации кога повторно ќе почне да работи, а дотогаш сите сервиси и издавање визи се суспендирани. Од петокот е затворена и Британската амбасада во Македонија. На нејзиниот веб сајт, исто така, има соопштение до британските граѓани во Македонија, речиси идентично како она од американската амбасада, со таа разлика што во нивниот случај се нагласува предупредувањето британските државјани повеќе да внимаваат при нивните патувања во западна и северна Македонија. Во МВР, вчера ни изјавија дека полицијата презела засилени мерки за заштита на амбасадите и резиденцијалните објекти, но дека американската амбасада по свое наоѓање и проценка сама одлучила да ја затвори амбасатата и да не издава визи. Полицијата не располага со сознанија дека кон амбасадата биле испратени заканувачки пораки, а засиленото обезбедување е од превентивен карактер. (П.А.Л.-Е.З.) p.s. Ako mislite deka nekoj od amerikancive go poshtuva ova... (osven sho ne rabotea...[:D][:D][:D]