na deneshen den 28.03
na deneshen den 28.03
yURI 1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас, француски астроном, физичар и математичар. Работеше на подрачјето на небесната механика, се занимаваше со теоријата на електрицитетот, со кампиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапластова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапластови дела се вбројуваат "Небесна механика", "Преглед на историјата на астрономијата". Умре во Париз, на 5.03.1827 година. 1868.- Во Нижни Новгород е роден Алексеј Максимович Пешков - Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите "На дното", "Малограѓани", автобиографските дела "Детството", "Меѓу луѓето", како и романите "Животот на Клим Самгин", "Мајка" и други. Умре во местото Горки, кај Москва, на 18.06.1936 година. 1939.- Франкистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна. 1943.- Во Беверли Хилс, во Калифорнија, САД, умре Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент. Најпознати му се делата што ги компонираше под влијание на Франц Лист и Фредерик Шопен. Роден е во Онег, Новогордоска губернија, на 1.04.1873 година. 1996.- Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија. 1996.- Република Македонија и Република Никарагва воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
buc hahahahahaha eko1 otkacen si
melpomena Milo mi e yURI shto temava pak ti ja razraboti[;)] Samo napred[:D]
yURI :)
Eko1 i mene mi e milo shto tebe i na yURI Vi e milo...:))
yURI na site ni e milo em drago :)