denesen horoskop 28/03/2003
denesen horoskop 28/03/2003
yURI ДНЕВЕН ХОРОСКОП ОВЕН Преминувате од зборови на дело. Соработниците слепо ви веруваат, зашто имаат добра причина за тоа. Со нивна помош- се е полесно. Планирате да контактирате со некој од странство, мечтаете за далечни предели и луѓе кои долго не сте ги виделе. БИК Доаѓате до заклучок дека не вреди да ги трошите нервите за некои работи. Чекате поволен момент за почеток на новиот проект. Ќе бидете во ситуација да ги анализирате туѓите проблеми, а тоа нема да ви биде проблем зашто на тој начин ќе заборавите на своите маки. БЛИЗНАЦИ Бидејќи станувате се позаборавни, направете список на обврски и придржувајте се до нив. Замореноста е последица на изминатиот напорен период, па одлуката да се одморите е исправна. Ништо не ви треба повеќе од мир и спокојство. РАК Уживате во удобните работи, храната,пијалокот. Во опуштена атмосфера се обидувате да се вратите во живот. Бидејќи на емотивен план веќе подолго време е се во ред, се навикнавте, па веќе и не обраќате внимание. Сепак, не запоставувајте го партнерот. ЛАВ Пласирате нови идеи, бидејќи не можете да седите скрстени раце. Успешниот ден ќе ви го разубави една убава одлука.Бидејќи се чувствувате исклучително убаво, обидете се да влијаете и врз околината. Дури ќе бидете и во ситуација да смирувате две скарани страни. ДЕВИЦА Во прв план е работата која се однесува на комуникацијата и странство. Очекувате вести од надвор, кои без сомнение ќе бидат позитивни зашто ја разработивте работата до најситниотдетаљ. Во мислите сте заедно со саканата личност. ТЕРЕЗИЈА Иако очекувате многу од идните настани, бидете подготвени на извесни задоцнувања и одложувања. Пасивни сте повеќе од обично, но тоа не ве вознемирува ни најмалку зашто се што ве интересира е љубовта. Некои Терезии се во тајна врска. СКОРПИЈА Почнете со реализација на некои идеи. Ќе успеете да постигнете се за што порано сте сонувале, љубов, пари, работа... Се се лепи за вас, но не дозволувајте тоа да бидат килограмите! Ако сте активни ќе успеете да ја задржите линијата. Значи, одберете некоја физичка активност. СТРЕЛЕЦ Активен ден во однос на работата, малку нервози, но и успех. Уште кога би научиле како да го користите слободното време- купете некоја нова книга и не се откажувајте од читањето по петтата страница... Посветете поголемо внимание на спортот. ЈАРЕЦ Во обидот да се занимавате со убави работи, ќе излезете од состојбата на летаргичност. Ќе успеете само доколку навистина тоа го сакате. Слободните моменти се идеални за љубов, хоби и уживање. Бидејќи долго се немате видено со пријателите- контактирајте и освежете го дружењето. ВОДОЛИЈА Ќе минете еден луд и незаборавен ден. Се се одвива спонтано, а вие подготвено ги прифаќате предивиците,кои во главно се пријатни. Работата е во втор план на сметка на емоциите и страстите. Партнерот ќе ве израдува со некаков подарок. РИБИ Доколку имате планови да се занимавате со бизнис, преминете од зборови на дела. Иако резултатите ќе бидат забележителни дури кон средината на април, до тогаш не е пожелно да седите со скрстени раце и да чекате парите да почнат да ви паѓаат од небо.