na denesen den 02.04
na denesen den 02.04
yURI 1791.- Убиен е Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. Како најдобар говорник во времето на Француската буржоаска револуција придонесе за победата на Уставотворното собрание над кралот. Роден е на 9.03.1749 година. 1792.- Озаконет е доларот како парична единица во САД. 1805.- Во Одензе е роден Ханс Кристијан Андресен, дански писател. Пишуваше поезија, романи и драми. Се смета за творец на реалистичката проза во Данска. Најпознати негови дела се "Приказна на мојот живот", "Сказни" и "Сликовница без слики". Умре во Копенхаген, на 4.08.1875 година. 1840.- Во Париз е роден Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внесе толкава енергија и страст, што често добиваат халуцинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се "Нана", "Жерминал", "Земја", "Плодност" и "Слом". Умре во Париз, на 29.09.1902 година. 1872.- Во Њујорк умре Самјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач. Во 1835 година го пронајде електричниот телеграф, апарат за испраќање знаци составени од точки и цртички (Морзеова азбука), кој беше пуштен во работа во 1844 година на линијата Вашингтон - Балтимор. Роден е во 1791 година. - Меѓународен Ден на книгата за деца