dneven horoskop 02.04
dneven horoskop 02.04
yURI ДНЕВЕН ХОРОСКОП ОВЕН 21.3. - 20.4. Ќе давате максимум од себе. Бидејќи знаете дека тоа води кон решавање на проблемите, ќе се потрудите да успете. Препорачливо е да бидете внимателни. По обичај се нервирате, а најмногу ве мачи начинот на кој размислува вашиот партнер. БИК 21.4. - 21.5. Склоноста кон создавање идоли може да ве доведе до непријатна ситуација. Може да се покаете поради ненадејниот излив на нежност и отвореност. Но, што да правите кога е тоа посилно од вас? Оптимизмот владее на сите полиња. БЛИЗНАЦИ 22.5. - 21.6. Бидејќи имате контакти со едно лице од странство, ве очекуваат пријатни вести. Расположението е променливо- се зависи од тоа со кого ќе се најдете во даден момент. Дружете се со позитивни луѓе. Се обидувате да најдете заеднички јазик со партнерот, но очиледно сте на различни должини. РАК 22.6. - 22.7. Ве очекува исклучително успешен, а пред се, креативен ден. Ќе убедувате некој во нешто, а бидејќи сите аргументи се на ваша страна- успехот е неминовен. Проблемот може да се јави во вид на емотивен судир и нервирање. Ги преценувате своите психофизички способности. ЛАВ 23.7. - 22.8. Се обидувате да најдете баланс помеѓу работата и приватноста, но тешко ви оди од рака. На прв поглед, еден нежен и суптилен Рак ве излудува. Не знаете што да правите со него? Најдобро е да му го свртите грбот и да се посветите на личност родена во знакот на Близнаци. ДЕВИЦА 23.8. - 22.9. Деловните нервози и прекини се знак дека треба да земете мал одмор и да посветите поголемо внимание на саканата личност, која со право се чувствува запоставено. Кога сте излегле последен пат? Бидете покреативни и смислете нешто интересно! ТЕРЕЗИЈА 23.9. - 22.10. Ве очекуваат многу обврски, а вам тоа ниту малку не ви пречи. Се обидувате да ги задоволите барањата на околината и на подобар начин да ги завршите работите. Очекувате помош од пријателите, но за жал, таа недостасува. Потпрете се на себеси. СКОРПИЈА 23.10. - 21.11. Отворете четири очи за се што е во врска со парите, со цел да ја одбегнете загубата. Внимателно потпишувајте договори и планирајте. Со партнерот останете на дистанца, зашто лесно може да ги изневери вашите очекувања. Никако не одете по патот кој ви го покажува срцето. СТРЕЛЕЦ 22.11. - 21.12. Натоваривте врз себе премногу обврски. Уште кога на нив ќе ги додадете неочекуваните случувања, кои ви одземаат драгоцено време... Барем не се досадувате. Очекувајте пријатни моменти со саканата личност, на која не и е важна вашата презафатеност. ЈАРЕЦ 22.12. - 20.1. Денеска до израз ќе дојде вашиот префинет вкус. Занимавајте се со работите кои бараат смисла за естетика. Ситуацијата бара и тактичност од вас. Никако не се расправајте и не покажувајте незадоволство, зашто така ќе изгледате слаби во очите на конкуренцијата. ВОДОЛИЈА 21.1. - 18.2. Што се случува со вас? Каде се изгуби вашата смисла за практичност? Заљубени сте, зарем не? Доживувате прекрасни моменти во прегратките на саканата личност. Свесни сте за тоа што ве исполнува, иако околината мисли поинаку. РИБИ 19.2. - 20.3. Добро се чувствувате, а немате објективни причини за тоа. Убаво ви е. Окупирани сте со работата, парите и поволната деловна понуда која ветува добра заработувачка. Под услов да сте биле во депресија, конечно, наоѓате начин како да ја надминете. Браво!