vikend horoskop 05.04. - 06.04 2003
vikend horoskop 05.04. - 06.04 2003
yURI ВИКЕНД ХОРОСКОП ОВЕН Заљубени сте, иако партнерот полека бега надвор од вашата контрола. Тој можеби мисли дека ќе ви побегне, но нема шанси! Кога вие ќе се концентрирате на некого- не постои човек кој може да одолее на вашиот шарм. Ќе има се- од серенади до бомбониери. БИК Зошто се чувствувате несигурни кога сите аргументи одат во ваш прилог? Тоа што мислите дека не сте прифатени во друштвото и стравот од отфрленост- немаат реална основа и се производ на вашите лични проекции. Нека не ве изненадуваат случувањата врзани за домот и семејството. БЛИЗНАЦИ Многу работи го одвлекуваат вашето внимание. Преокупирани сте со новите планови и идеи. Ќе го минете викендов во добро расположение, уживајќи во задоволството од постигнатото. Хиперактивни сте и имате причина за тоа. Искористете го поволниот период. РАК Моментално сте преокупирани со темите врзани за работата и здравјето. Не сте потполно задоволни, зашто мислите дека можете и подобро. Во односот со околината се чувствува вашата супериорност. Попаметно би било деновиве да земете мал одмор. ЛАВ Романтично сте расположени, желни за промени, посебно на емотивен план. Никогаш доста од љубов! Минете ги слободните моменти во креативно расположение. Со својот детинест, наивен шарм плените се околу себе, а со една единствена насмевка ја разоружувате саканата личност. ДЕВИЦА Колку повеќе обврски, толку подобро за вас. Наредните денови се поволни за остварување и на деловните, и на приватните планови. Бидејќи ве очекува напорна работа, психички подгответе се за истата. Се двоумите дали да инвестирате во себе или во домот. ТЕРЕЗИЈА Уметничките афинитети по правило се силни, па викендов ќе се обидете да ги реализирате. Никој не се сомнева во вашиот успех. Бидејќи сакате да ги засените пријателите со својот квалитет и сјај, размислувате за некоја јавна средба каде што вие би биле во прв план. СКОРПИЈА Голема работа е во игра. Бидејќи крупните предизвици ги решавате како на шега, оваа ситуација потполно ви одговара. Ќе успеете да се докажете и да ги покажете своите квалитети. Ќе добиете добар совет и инспирација од некој Овен или Стрелец. СТРЕЛЕЦ Очекувате многу од другите. Се наоѓате во фаза на очекување на еден радосен настан. Среќата ве следи на секој чекор. Ќе добиете подарок од некого, но ќе се покаете зошто сте го примиле. Планирате патување и со таа цел контактирате со странство. ЈАРЕЦ Бегате од одговорноста. Зошто почнавте толку многу работи и ги оставивте недовршени? Тоа не личи на вас. Свртете се кон потсвеста, зашто таа може да ви помогне да се најдете себеси и да престанете да гледате на животот како на сон. ВОДОЛИЈА Кратко, но слатко! Секако, се работи за љубовта. Тие работи се случуваат кога најмалку ги очекувате, помагаат подобро да се чувствувате и да ја вратите сигурноста во сопствените вредности. Еден Бик или Лав прави се за да ве заведе. РИБИ Искористете ги моменталните поволности. Сега е вистински момент за акција, а погрешен за разни филозофирања. Ја имате поддршката на пријателите и соработниците, посебно од еден Стрелец. Некоја Водолија ви нуди нов пристап во надминувањето на проблемите.