Akciona drama od Avtokomanda do Arachinovo :)
Akciona drama od Avtokomanda do Arachinovo :)
melpomena Крајслери бркале пегличка и не ја фатиле Американските луксузни и моќни "крајслери" развиваат брзина и над 200 километри на час, наспроти "пегличката" која е одамна застарен тип на автомобил што развива брзина едвај до 100 километри, но и покрај тоа.... Две полициски возила од типот "крајслер" во понеделеникот, околу 22 и 30 часот, од населбата Автокоманда до селото Арачиново бркале патничко возило "пегличка", но не успеале да го фатат, дознаваме од наши извори. И покрај тоа што уличната брканица меѓу "крајслерите" и "пегличка" се одвивала на релацијата Автокоманда - Арачиново, што е долга повеќе од шест километри, лицата што се возеле во "пегличката" успеале да им избегаат на полицајците. Истите извори тврдат дека настанот се случил кога полицајците во Автокоманда се обиделе да ја запрат "пегличката", но возачот на патничкото возило место да постапи согласно наредбите на полицаецот - да застане, ја зголемил брзината и се дал во бегство. Полицајците со двата "крајслера" веднаш почнале потера по нив. Но до центарот на Арачиново, до каде што траела акционата драма, не успеале да ги стигнат и да ги запрат. Слабо било фајдето што американските луксузни, скапи и моќни "крајслери" развиваат брзина и над 200 километри на час, наспроти "пегличката" која е одамна застарен тип на автомобил што развива брзина едвај до 100 километри. Среде село во Арачиново "пегличката" застанала. Наспроти неа застанале и полициските "крајслери". Стоеле и гледале едни во други. Полицајците не се ни обиделе да ги легитимираат лицата што се возеле во "пегличката" бидејќи наоколу почнале да се собираат повеќе луѓе. Во "арената" веднаш пристигнале и припадници на локалната полиција од станицата што, по завршувањето на кризата, функционира во Арачиново. Наши извори велат дека командирот на полициската станица од Арачиново барал од неговите колеги со "крајслерите" да го напуштат селото бидејќи сметал дека можат да предизвикаат поголеми инциденти. Тој им ветил на полицајците дека лично ќе се ангажира да го расветли случајот и да го открие идентитетот на лицата со "пегличката" кои не ги почитувале наредбите на полицајците да застанат. Мирјана Контевска вчера ни го потврди настанот и додаде дека станува забор за група разбојници, за кои постоеле сознанија дека ограбиле менувачница во Куманово. Полицијата го лоцирала нивното движење и се обидела да ги стопира, но тие се дале во бегство. Контевска вели дека полицијата се уште презема мерки за пронаоѓање на разбојниците. Н.С. prevzemeno od vest