Безбедносна состојба во македонија !!!!!
Безбедносна состојба во македонија !!!!!
GROBAR Безбедносната состојба е влошена по апсењето на двајцата Албанци од Сопот, чии соселани бараат итно да бидат ослободени Министерството за внатрешни работи ќе испрати деминерски тимови за да испитаат дали се минирани подрачјата во Липковско и на Скопска Црна Гора. Деновиве, како што "Дневник" веќе објави, локални Албанци од Липковско ги спречиле и ги предупредиле тимовите на ОБСЕ да не се движат во реонот затоа што бил миниран. Постојат сознанија дека било минирано и подрачјето на Скопска Црна Гора. Безбедносната состојба во земјава е влошена. Особено е напнато во кумановско-липковскиот реон, каде што заради лична безбедност престанаа да се движат тимовите на меѓународните мисии. Влошената состојба се поврзува со полициската акција во кумановското село Сопот, при што беа уапсени двајца Албанци осомничени за подмолниот терористички чин во кој пред три месеци од мина загинаа двајца полски војници од НАТО и двајца локални жители. Полициската акција го предизвика месното население, кое ја обвинува полицајците дека брутално ги малтретирала Албанците од Сопот. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера требаше да се сретне со Албанците од Сопот за да ги смири револтираните жители, кои бараат итно ослободување на уапсените. МВР веќе соопшти за отворените закани дека ако не бидат ослободени уапсените сопотчани, ќе следувале оружени напади врз полицијата. Ултимативниот рок од 48 часа за нивно ослободување завршува денеска. Деновиве се огласија и терористичките организации "Национален фронт на Албанците" (ФБКШ) и "Албанската национална армија". Според соопштението објавено на интернет-страницата на АНА, ФБКШ по состанокот одржан деновиве во австрискиот град Линц ги повикал сите Албанци од регионов на војна "заради обединување на албанските територии". На тој состанок најгласен бил Идајет Беќири, политички претставник на ФБКШ, кој нагласил дека "членството на организацијата постојано се зголемува и работата напреднува" - Албанците сакаат да ги обединат своите територии. Ако јазикот на разумот не помогне во таа намера, ние знаеме да се изразиме и со јазикот на насилството. Ние ја имаме ОВК, која се уште дејствува на албанските територии - им се обратил Беќири на членовите што допатувале од градовите Виена, Санкт Пелтен и Салцбург, за да присуствуваат на состанокот во Линц. - Многу граници се воспоставени и за држави што немаат ниту свој јазик, ниту пак, знаме. Затоа прашувам зошто ние не би требало да бараме од меѓународните фактори обединување на Албанците на легитимен начин. "Националниот фронт на Албанците" ќе ја направи реалност етничка Албанија. Но, за да се случи тоа, не смееме да чекаме помош од кого било, туку мораме да се подготвиме и да се мобилизираме. Не очекуваат нови борби под водство на ОВК - рекол Беќири. Според него, повеќе од сигурно е дека "овој пат Албанците ќе бидат тие што ќе почнат војна и дека војната нема да биде одложувана. Ослободувањето и обединувањето на албанските територии е процес што никој не може да го запре", рекол тој. ФБКШ е терористичка организација за која се претпоставува дека има седиште во австрискиот град Линц. Своевремено ФБКШ важеше за екстремно крило на ОВК
GROBAR 31.05.2003 Засега непознати сторители ноќеска истрелале проектил во бензинската пумпа „Европа 92“ сопственост на Стојан Станковски во тетовското село Лешок. Бензинската пумпа се наоѓа на патот Тетово-Јажинце на оклу 50 км. каде неодамна престојуваат претставници на евромисијата „Конкордија“. Во експлозијата што се случила во 1 часот и 40 минути нема загинати и повредени лица, но е причинета поголема материјална штета на објектот и на пупмите за гориво. Сопствениците на објектот велат дека нивниот објект досега бил неколку пати напаѓан. Во текот на денот увид на местото на настанот извршиле увид екипи од тетовската полиција. Според неофицијални информации стортелите на местото на настанотпристигнале со автомобил и најверојатно пукале со рачен фрлач „Зоља
GROBAR Ќе има некогаш крај????
ozonce ma u pichku mater neka idat site i nashite gore i shiptarite SITE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ne dupat u vlada, ne dupat na fakultet, ne dupat kaj ke stignat... u kurac se neka ode..... (se izvinuvam za vakvite zborovi ama ne uspeav da se vozdrzam)