Milan-Juve u New York
Milan-Juve u New York
deni Милан и Јуве повторно еден против друг во италијанскиот Суперкуп Репризата на финалето на ЛШ во Њујорк Иако ce уште не е официјално потврдено, на почетокот на август во Њујорк би требало да се одржи италијанскиот суперкуп меѓу Јувентус и Милан, што ќе претставува реприза на финалето на Лигата на шампионите. Популаризацијата на фудбалот сериозно го зафаќа северноамериканскиот континент. Минатата година финалето на италијанскиот Суперкуп се играше во Триполи благодарејќи на залагањата на Гадафи јуниор, кој вложи поголема сума пари во Јувентус. Изборот на "Њујорк" не е случаен, бидејќи во тој град има многу италијански доселеници, кои се загреани за најважната споредна работа во светот. Кандидатот за нов претседател на Барселона, Хуан Лапорт, потврди дека преговара со Манчестер Ј за трансферот на Бекам на "Ноу Камп", а објави дека Каталонците веќе го довеле турскиот голман Рушту. Последните информации од Шпанија говорат дека евентуалниот трансфер на Бекам би изнесувал неверојатни 42 милиони фунти. "Не можам да ја демантирам веста дека сме во преговори со Бекам. Станува збор за играч од светски калибар. Извршниот шеф на Манчестер Ј, Мартин Кенион ми кажа дека и англискиот шампион е заинтересиран за овој трансфер . Со Рушту ситуацијата е чиста. Потпишавме договор и тој ќе го облече дресот на Барселона, се разбира доколку јас станам претседател", изјави едниот од шесте кандидати за претседателското место Лапорт. Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 15 јуни. Менаџерот на Вест Хем, Глен Роедер, се враќа на работа следниот месец по рехабилитацијата од туморот на мозок, кој стравуваше дека ќе го убие. "Кога ми кажаа дека станува збор за тумор, прво прашав уште колку ми останува. Стресот додека седев на клупата на Вест Хем не го предизвика тоа. Тумор на мозок може да има секој", изјави Роедер. Валенсија објави дека го нуди Салва плус 10 милиони фунти во кеш за услугите на напаѓачот на Мајорка, Самуел Ето. Првата сума која ја побарала Мајорка за Ето била 20 милиони фунти но без дополнителен играч. Интер и Ајакс напредуваат во преговорите за преселбата на Ван дер Мејде на "Џузепе Меаца". Мејде се наоѓа на врвот на листата на желби на тренерот на Интер, Ектор Купер, заедно со фудбалерот на Валенсија, Кили Гонзалес.