Ne vistina !
Ne vistina !
NARCIS` ПРИВРШУВА ДАНОЧНАТА КОНТРОЛА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ СДСМ И ДПА немаат партиски фирми, ВМРО-ДПМНЕ закашкана до гуша Движењето на парите ја потврдило директната поврзаност на "Илинден", "Глас", Радио "Рос", "Еверест 2000" и на Македонска банка со ВМРО - ДПМНЕ Контролата на Управата за јавни приходи во ВМРО - ДПМНЕ се одолжи зашто даночниците треба да исконтролираат повеќе фирми, преку кои партијата работела и се здобивала со имот. Увидот во партиските сметки ќе трае уште најмалку една недела, дознава неофицијално "Вест". Во ДПА и во СДСМ контролите се завршени и се чека изговување на записници. Во владејачката партија даночниците не нашле ништо компромитирачко - СДСМ нема имот од кој остварува приходи и нема основано фирми. Има наод дека 100-тина илјади денари партијата должи за неплатен данок за различни исплати. И ДПА е чиста од аспект на одлуката на Уставниот суд - партиите да не поседуваат имот и партиски фирми. Движењето на парите ја потврдило директната поврзаност на одредени фирми со ВМРО - ДПМНЕ. Даночниците влегле во "Илинден", "Глас", Радио "Рос", во "Еверест 2000", а пред крај е контролата во Македонска банка. Со документи е покриена приказната дека парите кои на сметка на овие фирми доаѓале од други фирми, потоа биле употребувани за купување претпријатија и за учество во приватизации. Така, за да не им биде пратена контрола, за да им се држи записник или да не платат данок, на фирмите, чиј список е подолг и меѓу кои се"Реплек", "Гранит", "Бетон", "Маврово", им биле рекетирани пари. На пример, "Реплек" платил 4 пати по 5 милиони денари, без основа, како "аванс за ништо", вели извор на "Вест". Даночниците евидентирале дека со истиот износ пари што ги добил, на пример, "Еверест 2000" на сметка, потоа, преку брокерската куќа на Македонска банка -"Мак брокер", биле купувани акции на Берза. "Откако Уставниот суд ја раздели политиката од бизнисот, ВМРО - ДПМНЕ зафатила нов курс - ги вовлекува во игра двете фирми на Миодраг Марковиќ, Црногорец по раѓање, кој живее и е оженет во Македонија - 'Арарат' и 'Скотиха тихама'. Првата е регистрирана во Никшиќ, а втората во Скопје, со кипарски капитал. Наши даночници тркнале и до Црна Гора и со колегите утврдиле дека никшичката фирма таму не пријавила дека остварува приходи во Македонија. А преку нерезидентните сметки на Марковиќ, даночниците велат дека се вртеле милионски суми. Откриени му се нерезидентни сметки во Алфа банка, Стопанска банка и во Македонска банка. Документирано е дека околу 13 милиони евра поминале преку нив. Преку ноќ, партискиот војник на ВМРО - ДПМНЕ ја купува вилата 'Билјана' во Охрид, кумановските НАМА и 'Билјана', куќа на Водно, неколку станови во Скопје, фирмата 'Југоопрема' Скопје", вели извор на "Вест". За матните трансакции, преку и во Македонска банка, даночниците имаат подебели наоди кои допрва ќе се допрецизираат. "Директорот Марјан Бојаџиев двапати подигнал од сметка на банката 25.000 евра за службени патувања, без образложение. Но вториот директор Бранко Тозија земал повеќе - 170.000 евра за испратнина, а толку зела и помошничката на генералниот директор Натка Спировска пред да си замине од банката", вели извор на "Вест" Ajde udri sea na opozicija,dodeka bea na vlas VMRO-DPMNE nisto loso nemase pisano za niv.
NARCIS` A deka SDSM nema nivni firmi .Toa moze da se laze narodot sto ne e vo Makedonija i narodot sto e vo Makedonija ama ne e dovolno informiram.
vmro abe majstore, nacistite ne izlegle na kraj so komunistive ...