Lobiranje... shto e toa?
Lobiranje... shto e toa?
Whitebaby според "НЕДЕЉНИ ТЕЛЕГРАФ" Диогарди: Македонија да се подели до 2007 година Српскиот неделник "Недељни телеграф" тврди дека минатата недела во Вашингтон била одржана средба на албански лобисти во САД и на американски конгресмени, на која се дискутирало за прекројување на Балканот. Според неделникот, средбата ја водел поранешниот американски конгресмен со албанско потекло Џо Диогарди, кој е претседател на Албанската американска граѓанска лига, лоби-група што се бори за "Голема Албанија". На средбата присуствувале американските конгресмени Тод Лантос, Бенџамин Гилман и Џозеф Бајден. Според "Недељни телеграф", на средбата било расправано за формирање на сојуз на албанските територии на Балканот, во кој би требало да влезат Република Албанија, Косово, делови од Македонија и делови од Грција. На средбата биле дури договорени и прецизни рокови за овој проект, така што Косово би требало да добие независност до 2005 година, Македонија да се федерализира до 2007 година, а во меѓувреме да се предизвикуваат немири во северозападна Грција, во областа што Албанците ја нарекуваат Чемерија, со цел и таа да се оддели од Грција и да се припои кон албанскиот сојуз. Целиот проект би требало да биде завршен до 2010 година. Според "Недељни телеграф", конгресменот Бајден се обврзал дека ќе издејствува големо странско воено присуство во Македонија, кое ќе биде гарант дека федерализацијата на Македонија ќе се одвива непречено. Македонија во меѓувреме би била притискана да изврши поголема децентрализација на власта со пренесување на што повеќе овластувања врз општините. Ete shto pravi albanskoto lobi vo USA... a nie? Ochigledno nas ni e vo krv samo da se jademe megju sebe... [:(!]