Забранети операциите на срцеви болни во странство
Забранети операциите на срцеви болни во странство
Whitebaby НОВА ШТЕДЛИВОСТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО Забранети операциите на срцевите болни во странство Болните на кои итно им е потребна операција на срце не можат да заминат на лекување во странство, оти не ги добиваат неопходните документи од Институтот за срцеви болести. Како што тврдат за "Вест" извори во болницата, пред два месеца Фондот за здравство им доставил писмо со кое им забранува на лекарите да испраќаат пациенти надвор од земјава, со забелешка дека итните случаи треба да се третираат единствено во Скопје, кај д-р Жан Митрев. Со тоа, ниту еден лекар не смее да стави потпис или да издаде свое мислење дека на неговиот пациент му е потребна операција на срце во друг кардиолошки центар. Објаснувањето од Фондот било дека нема потреба од екстра трошоци за лекување во странство, оти според нивните сознанија сите срцеви болни на кои "навистина им е дојдено до операција доаѓаат на ред во кардиохирургијата 'Филип Втори'". На лекување во странски кардиолошки центри, кажуваат лекари од Клиниката, сега болните можат да заминат приватно и да си платат од свој џеб. Операција на отворено срце во кој било од кардиолошките центри во соседните земји чини од 6.000 до 7.500 евра. За да отиде на лекување во странство на сметка на Фондот за здравство, осигуреникот мора да добие конзилијарно мислење од тројца лекари од Клиниката за кардиологија, како и согласност од подрачната фондовска служба дека ќе ги намири трошоците. Дознаваме дека подрачните единици на Фондот веќе неколку месеци не потпишале ниту едно одобрение за операција на срце во странство. "Ако пациентот има сини картони, Фондот е должен да му обезбеди постојана здравствена заштита, без разлика за која болест станува збор. Можеби забраната и би имала некое оправдување доколку навистина масовно се праќаат срцевите болни во странство. Но не е така, оти ако се погледнат списоците кај д-р Митрев, ќе се види бројка од најмалку 300 пациенти кои чекаат за интервенција. Колегата да има и четири раце не може да стигне сите да ги оперира, па испраќањето болни во центри надвор од Македонија е нормална постапка", коментираат лекари од Кардиологија. Во целата ситуација збунува податокот што надлежните од Фондот во истиот период кога ја испратиле забраната, во јавноста тврдеа дека секој пациент со нарушувања на срцето ќе може да избира дали да се оперира во Скопје или во друг крадиолошки центар во странство. Официјално објаснување од директорот на Фондот Рубинчо Зарески за ваквото "штедење" не успеавме да добиеме. Без коментар остана и директорот на Институтот за срцеви болести, проф. Борче Петровски. Неофицијално, пак, се говори дека зад целата работа стои намерата да се предизвика вештачка паника меѓу срцевите болни. Таа, пак, ќе го актуализира прашањето за неопходното отворање нова, втора кардиохирургија во Македонија. Тој проект постои од 1995 година, меѓутоа, поради недостиг на средства, не може да се реализира. А.Стојановска Срамота... со еден збор нека си умрат тие што нема на време да стигнат на ред за операција во "Филип II"... за прв пат во животов немам зборови со кои би го објаснила гневот што го чуствувам...[:(!][:(!][:(!]