МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН
МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН
devil МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН ПАРИ ИЛИ НЕМА САНАЦИЈА Иако пред два дена претседателот на ФФМ, Хари Хаџи- Ристески, и претставникот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор го потпишаа договорот за санација на градскиот стадион во Скопје, се чини стартот на градежните работи ќе причека. Имено, на вчерашниот состанок јавното претпријатие го поништи договорот, иако од страната на ФФМ сите услови беа исполнети. Се работи за тоа што претпријатието бара целата сума во висина од 350 000 евра, а која според договорот треба да ја инвестира ФФМ, до 3 јули да легне на негова сметка, инаку од почетокот на изградбата нема да има ништо. За волја на вистината, ФФМ ги нема тие пари, но се обврза, а тоа го гарантира и Силекс Банка, парите да се исплатат на изведувачот до 20 август. Да тргнеме по ред. Бидејќи Градскиот стадион не ги исполнува условите пропишани во лиценцниот систем, во кои точно е кажано што треба да исполнува еден стадион за да се играат меѓународни натпревари на него, ФФМ реши да инвестира во санацијата на стадионот околу 250 000 евра, со тоа што засилувањето на осветлувањето требаше да биде на товар на јавното претпријатие. Во подоцнежните договарања излезе дека претпријатието не сака да вложи ни во тоа, туку ФФМ се нафати да инвестира дополнителни 70 000 евра и за таа намена, а за возврат требаше да го користи градскиот стадион бесплатно 10 години. Јавното претпријатие побара банковна гаранција за таа инвестиција, што ФФМ ја обезбеди преку Силекс - Банка. Се чинеше дека сй е готово и остана уште распишување тендер за изведувач, што требаше да се случи во понеделник, но работите се изјаловија. 'Ова е некоректно од страна на Јавното претпријатие. Обезбедивме сй што се побара од нас, а од почеток беше јасно кажано од наша страна дека парите ќе легнат на сметката на претпријатието околу 20 август. Сй беше договорено, но на вчерашниот состанок претставниците на претпријатието беа децидни дека парите во висина од 350 000 евра треба да легнат на нивна сметка. Не е коректно бидејќи ние бевме отворени дека парите треба да легнат на наша сметка при крајот на август и веднаш ќе бидат префрлени на сметка на претпријатието. За тоа обезбедивме и банковна гаранција, меѓутоа од вчера ни тоа не важи', изјави генералниот секретар на ФФМ, Лазе Митровски, кој на прашањето што понатаму додаде: 'Нема што да правиме, туку да се обидеме да обезбедиме средства. Дали тоа ќе биде од Владата или, пак, ќе се обратиме до Спорт 5, да префрли дел од оние 750 000 евра кои треба да ги даде за натпреварот со Англија, сй уште не знам, меѓутоа нема да дозволиме репрезентацијата да игра надвор од Македонија.' Некоректен однос од претпријатието, кое нема слух за горливите проблеми на ФФМ. Ако федерацијата досега беше обвинувана за индолентниот однос, сега веќе топката е префрлена на претпријатието, кое веќе постигнатиот договор еднострано го прогласи за неважечки. Очигледно дека државата не ја интересира спортот, односно фудбалот бидејќи воопшто не сака да помогне во овој случај. Беше убаво да си граѓанин на оваа држава, особено на плоштадите во Скопје и другите градови по нерешениот резултат во Англија. Како сега стојат работите, ако не се излезе во пресрет на проблемите, репрезентацијата на Македонија нема да игра во Македонија. Поголем срам за државата не веруваме дека би можело да има. Само како потсетување, се работи за сума од околу 350 000 евра, што за една држава се смешни, а згора на тоа, не ги дава таа.