Ohridska pastrmka!
Ohridska pastrmka!
AaaAa prevzemeno od www.utrinskivesnik.com.mk 30.8.2003 УНЕСКО би можел да го повлече специјалниот статус поради загаденоста на Охридско Езеро, смета англискиот весник „Гардијан" предупредува на опасноста од изумирање на охридската пастрмка Експертите тврдат дека живиот фосил, пастрмката со тежина од 17 кг која може да се пронајде само во најстарото езеро во Европа, Охридското, се соочува со изумирање доколку не биде заштитена од комерцијалниот риболов.Три милиони години старото Охридско Езеро, кое се простира меѓу Албанија и Македонија, во 1979 година е прогласено за светско културно наследство, бидејќи неговите длабочини од 289 метри обезбедиле специфична микроклима која спречила таа да замрзне во ледениот период и и овозможила на старата риба да преживее. Светската банка потроши пет години на проект за спасување на видовите. Меѓутоа, загадувањето и нелегалното ловење, каде што во некои случаи се користи и динамит, ги поттикнаа албанскиот и македонскиот министер за екологија да ја прифатат петгодишната забрана на лов на пастрмка, и покрај ефектите кои тоа ќе ги има врз македонскиот туризам, и врз приходите на рибарите. Министрите во двете влади јавно ја поддржаа таквата забрана, а идниот месец ќе се состанат за да расправаат за овој план. Покрај неговите стари видови, езерото има и други квалитети како што се неговите чисти води, каде што посетителите можат да гледаат во длабочина и до 22 метра низ кристално чистата вода. Со векови локалното население пиело од езерската вода, без каков било страв од болести. Градот Охрид кој се наоѓа на брегот од езерото, е преполн со стари цркви и пет златни маски од пред римско време кои беа пронајдени во негова близина. Фосилната риба, која е така наречена, бидејќи геолозите пронајдоа слични примероци во карпите, претставува деликатес, а на годишно ниво се ловат околу стотици тони. Бројот на оваа риба се одржува на тој начин што мрестилиштата ловат оплодена пастрмка и го враќаат подмладокот во неговите води. Само во минатата година беа уловени 80 тони риба, а голем број од нив беа премногу мали за да се одгледуваат. Само 4 милиони јајца беа употребени од страна на мрестилиштата, за разлика од 7,5 милиони кои ги имаа како цел. Биологот Душица Боева од Охридскиот хидролошки институт, кој раководи со мрестилиштата изјави: "Бројките се повеќе се намалуваат, и мора да сториме нешто навистина драстично, а сопирањето на риболовот за период од пет години е неопходен чекор". Меѓутоа, се поголемиот број жители кои живеат покрај околу 82 метра долгото крајбрежје - 106.000 во Македонија и 61.000 во Албанија - и се закануваат на убавината и на посебните квалитети на езерото, како на неговиот растителен, така и на животинскиот свет. Трските во кои се мрести и прехранува оваа риба им отстапуваат места на хотелите и на оние кои уживаат во спортовите на вода. Работите на оваа тема почнуваат кон крајот на годинава, кога ќе се обезбедат работници кои ќе го исчистат од отпадоци езерото од албанската страна и ќе ги сопрат сите жители да ги испуштаат своите отпадни води во езерото. УНЕСКО, која е задолжена за одредување на светското културно наследство, повторно ги разгледува водите на Охридското Езеро и неговата флора и фауна, за да процени дали сў уште ги поседува специјалните квалитети кои се бараат од таквите одредби. Ако квалитетот на езерото е влошен како што голем број експерти веруваат, тогаш Лидија Тотузовска, извршниот директор на УНЕСКО за Македонија, изјави дека ова место може да се најде на "опасната листа", што претставува подготовка за губење на називот за светско културно наследство, оштетувајќи ги надежите и на двете земји да ја развијат својата туристичка трговија. Покрај отпадоците, друг проблем со загадувањето на Езерото претставува и реката Сатеска која порано се влеваше во реката Дрим, меѓутоа, во 1963 година беше пренасочена кон Охридското Езеро, што доведе до влевање на загадена тиња во Езерото, заедно со голем број пластични шишиња и друг отпадок кој го носи со себе, како и многу тони отпадоци кои секоја година се собираат од туристичките плажи. Германските научници наскоро ќе излезат со извештај во врска со планот дали повторно да ја вратат реката на нејзиниот стар тек или да постават серија филтри кои ќе ги собираат тињата и отпадоците. Владислав Зупан, еколошки координатор во туристичкиот град Струга, каде што Дрим истекува од Езерото, изјави: "Ова е многу скап и тежок проблем за нас. Јас сум за враќање на реката кон стариот тек, но ќе ни треба помош однадвор. Македонија нема доволно пари". (Б.Г.)
NatusH kako struga nema druga a Eko? :o)))))))
Eko1 Struga Rulezzzz !!!!! [:D] [:D] [:D] [:D] [:D]
slasa eko mislis na struskoto blato