Site na Shtrajk
Site na Shtrajk
OooOo uaaaaaaaaaaaaaaa dole vladaaaaaaaaaaaa Рестрикција во водоснабдувањето во Дебар ДЕБАР - Во овие жешки денови, кога температурата достигнуваше до 40 Целзиусови степени, граѓаните од повисоките зони и повеќекатниците редовно остануваа без вода за пиење, поради неконтролираното трошење на водата од страна на своите сограѓани. И додека едните немаа вода за пиење, другите ги наводнуваа зелените површини, градините, ги миеја дворовите и тротоарите... И покрај апелот што ЈКП "Стандард" го упати до сите граѓани за оваа цел водата да ја користат само од 22 часот ноќе до 7 часот изутрина, несовесните продолжија со истата практика. Поради тоа претпријатието од вчера воведе рестрикција во водоснабдувањето. Рестрикцијата по реони трае по пет часа. Со рестрикцијата е опфатено и селото Долно Косоврасти. Како што велат во "Стандард", од утврдениот распоред на рестрикција нема да има никакво отстапување, поради тешката состојба во водоснабдувањето. Инаку, дебарчани, жителите од село Долно Косоврасти, како и оние од Долна Жупа добиваат квалитетна вода за пиење од водоводот Росоки - Дебар.