melpomena |
В недела вечер ќе стартува четвртата Модна недела во Скопје
"Бенетон" отвора, "Орка" затвора
Катерина Шекеровска
Со презентирањето на најновите модели од колоритната палета на "Бенетон", в недела вечер, во хотелот "Александар палас", со почеток во 20 часот, ќе стартува четвртата по ред Модна недела во Скопје. Модниот настан, кој се случува под организациската палка на модните студија "Црнокрак" и "Кворум моделс", во кој учествуваат дел од домашните креатори и куќи, ќе биде подзасилен и со гости од соседните простори, а ќе трае до 31 октомври, денови во кои ќе бидат претставени најновите модели за сезоната есен/зима 2003/2004.
"Програмата е комплетирана, вели првиот човек на "Кворум моделс", Милорад Цајиќ-Цајо. "Во "Александар палас" ќе може да ги видите колекциите на "Бенетон", "Мона", Срѓан Векиќ, Катарина Пузиќ, "Анабела", "Ист комерц", "Теранова", Антонија Ристовска, Сека Радончиќ, Јасмина Дракул, Илија Костадинов, Дејвид Ивановски, "Пицикато", "Саш", "Гас", "Макџинс", "Квиксилвер", "Орка" и Матија Вуица. Модната недела ја подготвуваме од 15 август, им понудивме соработка на сите модни агенции, но не најдовме заеднички јазик, зашто сите сакаа да учествуваат со свои модели, но не и да бидат дел од организацијата, вели Цајо. Имавме тешки маки, а не наидовме на поддршка ниту од Министерството за култура или, со други зборови, Модната недела ја издржавме на мускули".
Во контекст на "мускулите" оди и изјавата на партнерот-организатор Мики Црнокрак од студиото "Црнокрак", кој им се заблагодарува на креаторите кои учествуваат на Модната недела. "А преостанатите не се вредни ниту за спомнување, бидејќи по четврти пат не успеаја да направат колекција што ќе ја претстават на овој настан", додава Црнокрак.
Покрај домашните модели и манекенки, понудите од најновите колекции на учесниците ќе ги претстават и модели од Белград, Сараево, Загреб, од Бугарија... Почетокот на ревиите е закажан во 20 часот, а организаторите најавуваат секојдневни пресови и журови со учесниците во Модната недела во дискотеката "Процес", што ќе се случуваат веднаш по завршувањето на ревиите.
Во рамките на Модната недела во Скопје, в недела навечер, ќе биде промовирана и првата македонска веб-страница за мода:
www.fashion.com.mk
|
melpomena |
Возбудлив трет ден од Модната недела во Скопје
Голи задњичиња во тангичиња
Вистинско секси-шоу во хотелот "Александар палас"! И сето тоа "регуларно", на третиот ден од Модната недела во Скопје. Ревиите на долна облека на "Анабела" и "Исткомерц" беа вистински погодок за машката популација присутна во салата на "Александар палас". Мелем за очи и душа, од голо - поголо, од секси - посекси... Уште на организаторите да им текнело дека во ист ден баш и не одат танги и градници со свечени тоалети, како оние на Антонија Ристовска, моделите на белграѓаните Срѓан Векиќ и Катарина Пузиќ... Какви ли само впечатоци гостите ќе однесат дома?!
Како и да е, неделата продолжува понатаму, а вчерашниот ден мина во знакот на најновите креации за сезоната есен/зима 2003/2004 на креаторите Сека Радончиќ, Илија Костадинов (Загреб), Дејвид Ивановски (Риека), Јасмина Дракул и модното студио "Пицикато". Денеска свои пет минути ќе имаат "Гас", "Саш", Макџинс" и "Квиксилвер", а Модната недела завршува утревечер со ревиите на "Орка" и Матија Вуица (Загреб).
[img]http://www.utrinski.com.mk/izdanija/1309/6945.jpg[/img]
prevzmeno od utrinski vesnik
A bash i koga biraat devojki shto kje reklamiraat dolna obleka, bi trebalo prvo da napravat selekcija. |