Vo art kinoto "Frosina"
Vo art kinoto "Frosina"
melpomena Во арт-киното "Фросина" Најдобриот европски филм "Зборувај со неа" Од денеска во арт-киното "Фросина" ќе почне да се прикажува шпанскиот филм "Зборувај со неа" на Педро Алмодовар. Овој исклучителен филм на Алмодовар го освои "оскарот" за сценарио оваа година, а минатата година беше апсолутен победник на доделувањето на т.н. "европски оскари". "Зборувај со неа" е филм за љубовта и за комуникацијата, тоа е филм за уметноста во кој фантастично се вклопени способноста за љубов и комуникација. Со ова остварување Алмодовар успева на единствен начин да им се наметне и на оние кои ги сакаат неговите филмови и на оние другите. Проекциите во "Фросина" се од 20 часот, а цената на билетот е 80 денари. (С.У.) prevzemeno od utrinski vesnik
ozonce Posetete go kinoto nema da zazalite za nitu eden film!
melpomena ОД ДЕНЕС ВО АРТ КИНОТО "ФРОСИНА" "Време на услуги" ја отвора ревијата на Израелски филм Од вечерва до вторник, 18 ноември, во арт киното Фросина" во Младинскиот културен центар ќе се прикажува ревија на Израелски филмови насловена како "Слики на новото време". Ќе бидат прикажани пет филмови од најновата Израелска филмска продукција. Вечерва на програмата е филмот "Време на услуга" ( 2000 год), на режисерот Џозеф Седар со Аки Авни и Аси Дијан во главните улоги, а е инспириран од вистинска приказна. Главниот јунак Менахем е командат на единицата на религиозната војска. Тој е растргнат помеѓу својата лојалност кон рабинот, должностите како офицер и неговата љубов кон рабиновата ќерка. Откако ќе го обвинат дека планирал терористички напад, Менахем ќе биде приморан да ги преиспита своите пријателства, сфаќајки дека е може да биде лојален единствено спреме себе си. Проекциите на филмовите запончуваат во 20 часот. (Д.С.) prevzemeno od Vest