Ako vidite kelner oddalechete se:)))
Ako vidite kelner oddalechete se:)))
melpomena Ova e tragikomichno:)))))[:(] ШТО УЧАТ ИДНИТЕ УГОСТИТЕЛИ И ГОТВАЧИ Миење коса двапати месечно, бањање еднаш неделно Учениците од средното угостителско училиште "Лазар Танев" од Скопје учат дека косата треба да се мие двапати месечно. Во учебникот по предметот "основи на хигиената за угостители", кој е единствен одобрен учебник од Министерството за образование за овој предмет, идните слаткари, келнери и готвачи читаат дека "косата се мие со топла 'мека' вода и со шампон или тоалетен сапун еднаш во 14 дена". Хигиената што ја учат младите угостители и туристички работници не е на завидно ниво ниту кога се работи за телото. Во учебникот стои дека "бањање го викаме миењето на целото тело во топла истечна вода со сапун, кое обично се врши еднаш неделно". Учебникот е стар повеќе од 20 години. На втората страница пишува дека е напишан од д-р Кузма Цетиниќ, специјалист за школска хигиена и медицина. Оригиналното издание на книгата, како прирачник е на хрватски, а за македонскиот образовен систем тој е само преведен, без соодветна корекција, и се користи како учебник. Уредник на македонското издание пишува дека била Лилјана Камчева. Средношколците кои го изучуваат предметот хигиена се смеат на советите што ги добиваат од учебникот. "Тоа се најглупавите нешта што некогаш сме ги слушнале", коментираат учениците за својот учебник, кој треба да ги научи како да водат поголема грижа за личната хигиена и како да се заштитат себеси и другите од разни заразни болести. "Веднаш кога ќе дојдат децата на час им велиме да го чкртнат тој дел", кажува професорката по хигиена во "Владо Тасев" Бистра Костадиновска. "Мислам дека тој податок е грешка и јас не ги учам децата така. Тоа воопшто не важи за угостителските работници. Проблемот е што книгата е многу стара", вели професорката. Во учебникот е напишано дека не е препорачливо келнерките кои служат храна и пијалаци да користат средства за разубавување и да се шминкаат. За сите баналности во учебникот по хигиена професорите немаат кому да се пожалат. Во Министерството за образование нема советник за овој предмет. Во Бирото за развој на образование каде што се прават наставните програми и планови, велат дека учебникот треба да го смени министерот за образование. "Со предметите кај стручното образование постои проблем за издавање на нов учебник, зашто станува збор за мал тираж и никој не се нафаќа", вели Константин Петковски, заменик-директор на Бирото. "Во моментов се врши евалуација на стручните училишта и се додека ФАРЕ програмата не се спроведе како проект, не може да се направат нови учебници", објаснува заменик-директорот. "Како и да е, јас не би отишол во локал каде што келнерите си ги мијат косите еднаш во 14 дена", изјави Петковски. Р.Фотиновска prezemeno od vest
Strelec mnogu e bitno vo koj del od intervalot od 14 dena ke ti se pogodi da te sluzat takvite gotvaci i kelneri... mozda se pogodilo bas vcera da e 14-tiot den... i se' si e taka OK... oti paniki krevate dzabe?:)))
kopacot zato naravoucenie : ne lizete prsti posle jadenje dur ne mu vidite friz na Personalot :P
OooOo pa nemozhe mnogu da im se isprlja kosata za 14 dena, kuvarite obichno nosat kapa koa kuvaat + toa ako padne nekoja mrsnotija u hranata ne e golema rabota. Isto ko puter ili svinska mast da ima staveno. [:D]