ВЕСНИК “НАРОДНА ВОЛЈА”
ВЕСНИК “НАРОДНА ВОЛЈА”
DJ_SHEMA Znam deka nie ne sme bash aktivni okolu doniranje, no sepak kje go stavam tuka. Ovoj vesnik se bori so site seli da ne podlegne pod bugarskite pritisoci i na site mozni nachini se trudi da ja odrzi Makedonshtinata vo Pirninska Makedonija. Jas sum pretplaten na ovoj vesnik i so zadovolstvo go chitam a istotaka imam i donirano vo minatoto. ВЕСНИК “НАРОДНА ВОЛЈА” ПО 24 ГОДИНИ “НАРОДНА ВОЛЈА” ОД МЕСЕЧНИК ПРЕРАСНА ВО ДВОНЕДЕЛНИК Пирин планина 20 ноември 2003 година, Благоевград, Република Бугарија - Весникот “Народна волја” кое е единствено македонско гласило во Република Бугарија, од месечник кој излегува непрекинато 24 години прерасна во двонеделник. Првиот број на “Народна волја” е излезен на 1 октомври 1980 година во далечната Австралија, во Сиднеј. Основачи се Крсто Енчев, Ангеле Вретоски, Ѓорѓи Чочков и други. Крсто Енчев е веќе починат во 2000 година во Сиднеј, Австралија. Наредната 1981 година весникот “Народна волја” преминува во Велика Британија. Се подготвува и печати во Лондон, а го презема и неговото финансирање го врши Александар Христов, кој и денес, со своите 75 години живее во Лондон. Од 1 април 1992 година весникот “Народна волја” го презема Ѓорѓи Христов, како сопственик и главен и одговорен уредник. Весникот го издава фирмата “Херонеја 338” во Благоевград, како гласило на Македонците во Република Бугарија. “Народна волја” излегува на 12 страници од кои 6 страници на литературен македонски јазик и 6 страници на литературен бугарски јазик со различни текстови и содржини. Тиражот му е 2.000 примероци, а се дистрибуира на претплатници меѓу наши Македонци во Австралија, Канада, САД, Англија, Белгија, Франција, Германија, Македонија, Грција, Србија и во други земји, како и во цела Бугарија. Продажната цена на еден примерок изнесува 0,20 евра, а вкупните трошоци за печатење на два броја месечно изнесуваат околу 1.500 евра. Од 1 октомври 2003 година, на 24-годишнината од излегувањето на првиот број, весникот од месечник почна да излегува како двонеделник. Моментално весникот го подготвуваат 4 лица, плус главниот и договорен уредник, вкупно пет лица. Двонеделникот “Народна волја” има, пред сe', благородна мисија: го брани македонскиот национален идентитет во Република Бугарија, го поддржува македонскиот дух во Република Бугарија, ја обезоличува анти-македонската пропаганда во Република Бугарија, и со факти ја брани вистината, историјата, културата, јазикот, обичаите и традициите на Македонците во Република Бугарија и ширум светот. Набргу, во соработка со МАНУ, во изработка е проект со кој двонеделникот “Народна волја” ќе го има во енциклопедијата на македонската историја. Двонеделникот “Народна волја” е единствено гласило на македонски јазик во Република Бугарија. Ги преброди сите предизвици и сe' уште постои во македонскиот информативен простор. За разлика од весникот на македонски јазик “Зора”, кој сега премина во интеренет издание под името “Нова зора” како гласило на Македонците во Република Грција и весникот на македонски јазик “Преспа” како гласило на Македонците во Албанија, кои излегуваат повремено, сега веќе двонеделникот “Народна волја” е единствено македонско гласило меѓу Македонците во соседните земји на Република Македонија кое излегува континуирано и покрај сите проблеми на кои наидува континуирано. Доколку располага со финансиски средства и доволен број на спонзори редакцијата има намера весникот “Народна волја” да го издава и како неделник. Двонеделникот “Народна волја” има многу важна улога во македонската кауза и во него е вграден целиот живот на неговиот главен и одговорен уредник Ѓорѓи Христов. За жал, целата редакција со опремата е сместена во неговиот приватен стан во Благоевград, кој со прераснувањето на месечникот во двонеделник и зголемувањето на бројот на лицата кои го подготвуваат, не може повеќе да ги задоволи зголемените просторни потреби. За таа цел, редакцијата пронајде еден стан од 100 м2 во Благоевград во кој сака да се смести двонеделникот “Народна волја”. Закупнината за станот изнесува 200 евра месечно. Весникот “Народна волја” бара спонзори за месечната кирија за редакцијата на весникот од 200 евра, односно годишно 2.400 евра. - Ги молиме сите добронамерни Македонци, оние кои имаат можности, да не донираат и за тоа да не известат на нашите телефони или адреса во најитен можен рок, затоа што конечниот закуп за станот кој го капарисавме треба да го регулираме до крајот на месец ноември. Нашите можности се ограничени, но имаме силна волја да го продолжиме делото и да ги информираме Македонците во Бугарија на македонски јазик и понатаму. За секоја донација сме однапед благодарни. Ја користам оваа прилика да упатам апел за претплата, која може, исто така, да се изврши со најава на нашите телефони и адреса - вели г-дин Ѓорѓи Христов. Телефон/факс 00 359 73 2 63 36, моб. 00 359 888 26 46 75, Е-маил: [email protected] или адреса Ѓорѓи Христов, ЖК “Запад” бл. 36, етаж 6, ап.17, 2700 Благоевград, Република Бугарија. Банкарска сметка: Балканска банка Скопје А.Д. Република Македонија, 240000000000126, број на девизна сметка 80807000-90214, Георги Стоев Христов. 20.11.2003 извор: Светски Македонски Конгрес