Grchko semejstvo ja ubilo Makedonkata Veljanovska
Grchko semejstvo ja ubilo Makedonkata Veljanovska
melpomena По грозоморното убиство на Македонката останува нејасно како таа била намамена во Грција Грчкото семејство две години го планирало убиството на Велјановска Коста ПОПОВСКИ На граниниот премин Меџитлија меѓу Македонија и Грција, во саботата, доцна попладнето, грчката полиција го предаде телото на Виолета Велјановска од Битола, која беше убиена од членови на едно грчко семејство во Пела, северна Грција. Откако била отруена, ставена во автомбил, сопственост на злосторниците, и по подметнување пожар, автомобилот бил турнат во бездна на регионалниот пат Пела-Флорина (Лерин). Телото на починатата го презеле блиски роднини на Македонката Велјановска и потоа било погребано на Градските гробишта во Битола. Ова вчера го добивме како информација од страна на пограничната полиција. Во битолската полиција, во Одделот за аналитика, каде што се наоѓа предметот за монструозното убиство и целата полициска документација од истрагата во Грција, Розинка Петровска одби да ни даде основни податоци за тоа на кој начин Виолета Велјановска била намамена во Пела и дали пред да биде ставена во автомобилот и потоа запалена, веќе била мртва. Во централата во Скопје ни беше речено дека сў уште се проверуваат информациите за овој настан. Виолета Велјановска беше жртва на едно петчлено грчко семејство од Пела кое имало куќа и во Лофи, соседно село крај овој град. Планот на грчкото семејство на Александрос Гесопулос, неговата сопруга Марија и трите возрасни синови бил Виолета Велјановска да ја намамат во Пела, таму да ја убијат. Тоа се случувало минатата среда попладнето крај Пела. Виолета ја убиле со труење, нејзиното тело го ставиле во автомобил, во него предизвикале пожар, а потоа го турнале. Тоа го направиле бидејќи Виолета многу личела на Марија, а за да добијат еден милион и 500 илјади евра животно осугурување на сопругата на Александрос од полисата за осигурување издадена во јули годинава на име Марија Гесопулос. Сатаните, монструмите, морничавите убијци, како што деновиве ги нарекуваат грчките пишувани и електронски медиуми членовите на семејството Гесопулос, веднаш по убиството, со анонимен тефонски повик пријавиле дека таа загинала во сообраќајна несреќа. Според планот, Марија се скрила од јавноста со намера подоцна да го смени идентитетот и со семејството да продолжи да живее во Атина или во Германија? Како дошло до познанството меѓу Вилета Велјановска и семејството на Александорс Гесопулос? Официјалните служби во Македонија, од за нив оправдани причини, не сакаат да го коментираат тоа. Вчера од блиски роднини и пријатели на убиената Виолета Велјановска дознавме дека таа пред две години се запознала со семејството на Александрос Гесопулос. Поточно,брачната двојка инсистирала да се запознат со неа. Нејзе и било ветено дека ќе може да заработува добри пари како продавачка во една од продавниците на Алдександрос во Пела. Пред две години, при еден престој во Битола, ја забележале Виолета и се вчудовиделе колку таа личи на Марија, сопруга на Александрос. Од таа средба почнале монструозните подготовки таа да биде убиена. Вилоета била самохрана мајка на три деца, по смртта на нејзиниот сопруг, кој несреќно го загубил животот. Виолета, по загубата на сопругот,како социјален случај, со еден стар родител- инвалид се селела од една на друга адреса во Битола како потстанарка. Била многу сиромашна и прифаќала да работи и најтешка работа и заради тоа менувала повеќе работни места во продавници, трговски фирми или угостителски објекти. До пред еден месец работела на Баирот во еден угостителски објект. Наводно, пред десет дена во Битола дошол еден член на семејството Гесопулос, ја посетил Виолета и и ветил дека треба да дојде на работа во нивната трговска фирма во Пела за месечна плата од 2.000 евра. Таа го прифатила предлогот, бидејќи со тоа решавала многу социјални проблеми. Така, во вторникот попладнето, според информација на пограничната полиција и цариниците на Меџитлија, таа, за последен пат, од Македонија отпатувала во соседна Грција. Зад себе остави три малолетни деца кои не се згрижени, со оглед на тоа што таа во Битола била дојдена од битолските села и немала многу блиски роднини, освен еден родител тежок инвалид, за кого таа се грижела повеќе години. Дознаваме дека на погребот имало малку луѓе, бидејќи таа, ниту нејзиниот покоен сопруг немала многу роднини, дури немало за неа некролози како што обично се лепат низ Битола по нечија смрт, само заради тоа што немало кој да го плати печатењето. prevzemeno od utrinski vesnik
ViennaBoy kutrata cel zivot stradala.[V]
kopacot strasno......uf
HaCkEr` Ne strashno... GROMOROZNO..:( Bog neka i ja prosti dushata ... neka i e lesna zemjata..:((((