100 години "За македонцките работи"
100 години "За македонцките работи"
AaaAa Писателите ги одбележаа 100-те години на "За македонцките работи" Вчера во Друштвото на писателите на Македонија беше одржан Свечен собир за 100-годишнината од излегувањето на книгата "За македонцките работи" од Крсте Мисирков. На Собирот за делото Мисирков и за неговата антологиска книга говореше академик Гане Тодоровски, а го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Иако за оваа годишнина имаше иницијативи моштите на Мисирков да се пренесат од Софија во Скопје, работата се уште е во процедура. Но како што рече академик Тодоровски во своето слово за големиот деец, тоа мора да се случи бидејќи: "На мртвиот Мисирков му е потребна живата татковина. Само така мртвите живеат долго и вечно". (Д.С.)
melpomena ОД ДЕНЕС ВО МАНУ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100 ГОДИНИ ОД "ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ" Денес ( 10 часот) во Македонската академија на науките и уметностите ќе започне Меѓународниот научен собир "Делото на Крсте Мисирков", што се организира за одбележувањето на 100 годиншнината од излегувањето на книгата "За македонцките работи". На Научниот собир, кој ќе трае до сабота, пријавени се 86 реферати на 42 еминентни стручњаци од Македоинија и 44 од 19 странски држави: Австрија, Албанија, Белорусиј, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија и Црна Гора, Турција, Украина, Франција и Хрватска. Свечениот дел на Собирот ќе го отвори претседателот на Одборот за научниот собир академик Блаже Ристовски. Според протоколот на присутните ќе им се обратат и претседателот на Македонија Борис Трајковски и министерот за култура Благоја Стефановски, како и претставници на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и на научните институти. За овој голем јубилеј кој одбележува еден век од книгата темелник на македонскиот литературен јазик е издаден и златник со ликот на Крсте П. Мисирков што ќе биде промовиран исто така на прославата во МАНУ. (Д.С.) prevzemeno od vest