Golemo Bravo
Golemo Bravo
OooOo Интернет наместо инкасатор Граѓаните што ги користат услугите на "Македонска банка" можат преку електронски пат или преку Интернет да ја проверат состојбата на своите тековни сметки, како и да ги платат сметките за комунални услуги. Засега граѓаните можат да ги платат сметките за струја, парно, вода и за станарина. Корисниците на оваа услуга од банката добиваат лозинка и корисничко име, со што се обезбедува сигурност на системот. Откако лозинката ќе се згреши трипати не ќе може да се пријави во наредните два часа. Електронското банкарство за граѓаните "Македонска банка" го воведе деновиве, а од поодамна е воведено за правните лица, кои можат да вршат трансакции од денарски платен промет.