Македонски иселеници се сретнаа со Буш
Македонски иселеници се сретнаа со Буш
OooOo Претседателот на САД, Џорџ Буш, се сретна со мала група граѓани во Кентон, Мичиген, во која, меѓу другите поканети гости присуствуваше и македонската делегација предводена од Светозар Стамевски, претседател на МАНА, а во неа беа и Стојадин Наумовски, член на Етничкиот совет на Стерлинг Хајтс и потпретседател на ПОМНИ, Мишко Васовски, претседател на Американско-македонска асоцијација, Стојче Стојановски, претседател на "Полог", Душко Рафајловски, секретар на Обединети Македонци - Детроит, и Софче Јовановски, член на Бордот на МАНА. По срдечното обраќање и говорење за актуелни теми во Америка и во светот, претседателот Буш беше срдечно поздравен од присутните. За време на овој по многу нешто несекојдневен настан, македонската делегација имаше кратки неформални средби и со Мајк Роџерс, заменик- координатор на Републиканската група во Конгресот на САД, со конгресменот Џо Ноленберг, со конгресменката Кандис Милер и со потпретседателот на Републиканската партија за Мичиген, Виктор Диза.