Boks
Boks
StormAngel УТРЕ, ВО СКОПЈЕ, НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИОТ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН ШАМПИОН НАСКОВСКИ ДА СЕ ОДБРАНИ ТИТУЛАТА Подготовките околу мечот на нашиот професионален боксер Тони Насковски во кој ќе ја брани интерконтиненталната титула во верзија на ВБН во супер лесна категорија (62,300 кг) се во завршна фаза. Со оглед дека македонските вљубеници на благородната вештина, кога се работи за нашите фајтери, се 'гладни' за профи бокс, салата на КК Работнички во Градскиот парк се очекува да биде исполнета до последното место. За таа цел противник или предизвикувач на Насковски е Хозе Мартинез Малдонадо, кој доаѓа од Шпанија и важи за квалитетен боксер. Според пропозициите овој меч е предвиден во 10 рунди, додека воведните борби од кои три сигурни, на професионално ниво, ќе се одржат во 6 рунди. Единстваната енигма во делот на програмата е прифаќање на делегатот за уште еден меч на аматерска основа во траење од 3 рунди. Инаку, во воведните мечеви ќе се појават Тони Јаневски, во перо лесна (57 кг) кој силите ќе ги одмери против Калојан Димов (Буг), во супер средна (76 кг) ќе настапи новата надеж на нашиот профи бокс Б. Муткова на кого ова ќе му биде 'сефте' во професионалните води, против К. Санчез Гомез, исто така од Шпанија, а како последен пред главниот спектакл ќе го видиме С. Трајковски на кого ова ќе му биде втор профи меч, овој пат против Г. Христов (Буг) . Инаку, спектаклот ќе се одржи утре (19 декември), во салата на КК Работнички во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 20 часот. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1708/sliki/5115.jpg[/img] Титулата ќе биде одбранета- Тони Наскоски Pozdrav![:)]
miden1mk BOKSER'ICA [8D] [img]http://sport.onet.pl/_i/galerie/dyscypliny/bo/ali/07.jpg[/img] [img]http://sport.onet.pl/_i/galerie/dyscypliny/bo/ali/03.jpg[/img] [img]http://sport.onet.pl/_i/galerie/dyscypliny/bo/ali/05.jpg[/img] STO MISLITE Laila Ali
StormAngel Jas brate mislam deka bi ja nokautiral vo druga runda so aperkat. Samo ringot da go smenam so drugo nesto.[:D] Pozdrav![:)]
miden1mk taka te sakam [:)]
StormAngel БОКС ГОДИНА НА СТАРИ НЕУБЕДЛИВИ ШАМПИОНИ ВО БОКСОТ ЏОНС ИМПРЕСИОНИРАШЕ, ЛУИС РАЗОЧАРА Рој Џонс Јуниор и Ленокс Луис се двајцата најпопуларни шампиони во боксот, но и двајцата се познати по внимателниот избор на противниците. Додека Џонс беше критикуван за тоа што во 2002 не пронајде ниту еден врвен противник, Луис се докажа како вистински шампион уништувајќи го Мајк Тајсон. Но, во 2003 година ситуацијата беше сосема различна - Џонс доби пофалби и влезе во историјата, додека Луис беше далеку од импресивен. Џонс стана првиот поранешен шампион во средна категорија по повеќе од 100 години со титула во тешка категорија, откако го победи Џон Руиз на 1 март. Апсолутниот шампион во средно-тешка категорија ги предаде појасите за да стигне до ВБА титулата со убедлив триумф над Руиз. По победата тој почна да зборува за меч со Луис за ВБЦ титулата. Додека Британецот се мислеше за мечот, тој се договори за дуел со Канаѓанецот Кирк Џонсон, кој беше дисквалификуван во дуелот со Руиз во јули 2002. Мечот сепак не се оддржа, откако Џонсон се повреди на тренинг и како замена беше донесен Украинецот Витали Кличко. Ова можеше да биде најголемата грешка во кариерата на Луис. Додека сите сметаа дека Украинецот нема да може да се подготви за дуелот, тој доминираше во мечот и водеше кај судиите пред дуелот да биде прекинат во шестата рунда поради повреда на окото на Украинецот. Кличко сепак успеа да се пробие како главен кандидат за титулите во тешка категорија и да добие голем број на фанови, посебно во САД. За Луис пак тоа беше последен меч во годината и го натера да се замисли за крај на кариерата. 2003 исто така го одбележа и банкротирањето на Мајк Тајсон. 'Железниот' успеа да потроши повеќе од 100 милиони $ кои ги заработи од боксот со неверојатни луксузирања (два бенгалски тигра и десетици автомобили со вредност од над 1 милион $). Во останатите категории повторно најголемо внимание предизвика Оскар Де Ла Хоја и повторно поради пораз. Тој конечно го доби ри-мечот со Шејн Мозли, но повторно беше поразен на поени. POzdrav![:)]
StormAngel БОКС ВО СВОЈОТ ПРВ МЕЧ ВО СУПЕР-ПЕРО КАТЕГОРИЈА МОРАЛЕС БЛЕСКАШЕ ПРОТИВ ЧАВЕЗ Хезус Чавез се бореше со срце на вистински шампион, но Ерик Моралес влезе во историјата на боксот со освојување на ВБЦ титулата во супер-перо категорија. Ова е трета титула во исто толку категории за Моралес, по победата на поени по 12 рунди над Чавез, кој го повреди своето десно рамо и поголемиот дел од мечот боксуваше со една рака. Моралес стана вториот мексикански шампион во три различни категорија, а изгледаше дека ќе ја заврши работата порано откако во втората рунда во мечот во МГМ казиното во Лас Вегас двапати го праќаше противникот на подот. 'Дури кога Хезус двапати беше на подот знаев дека ова нема да е краток меч бидејќи рацете ме болеа. Секогаш кога го удирав и мене ме болеше', вели Моралез. Болката не беше ништо во споредба на таа на Чавез. 'Откако го удрив со десницата во втората рунда, се обидов да го удрам уште еднаш и се врати повредата на рамото. Морав да издржам и да направам изненадување со една рака. Тоа на крајот не ми успеа', вели Чавез (40 победи, 3 порази), по својот прв пораз во меч за титулата. Моралес (46 победи, 1 пораз) претходно беше ВБЦ шампион во супер-бантам и перо категорија, а овој меч го победи со 118:108/117:109/115:112. БЕЈЕР ЈА ЗАДРЖА КРУНАТА Германецот Маркус Бејер ја одбрани својата ВБЦ титула во супер-средна категорија откако лесно на победи го победи Андре Тисе во Дрезден со 119:109/117:111/117:112. Ова е 29. победа во кареирата на Германецот, кој има еден пораз и 11 нокаути, но не беше победа за сеќавање бидејќи во ниту еден момент вистински не нападна. 'Навистина не успеав да ги кренам луѓето од седиштата, но се чувствував несигурно. Сега морам да размислам бидејќи на ваков начин нема да можам да го победам Дени Грин, кој е следен мандаторен предизвикувач', вели Бејер.
StormAngel БОКС ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА ТИТУЛА ОДБРАНЕТА НАСКОВСКИ ВО ЕЛЕМЕНТ, ТРАЈКОВСКИ ЕКСПРЕСНО Во петокот вечерта, во Скопје, во салата на КК 'Работнички', која беше претесна да ги собере сите љубилеи на благородната вештина, се одржа профи боксерски спектакл во кој Тони Насковски ја одбрани интерконтиненаталната титула во супер лесна категорија (62,300 кг) во верзија на ВБН. Неговиот предизвикувач Хозе Мартинез Малдано од Шпанија се покажа како недостоен противник. Имено, мечот кој беше предвиден во 10 рунди, благодарение на Насковски траеше само 4. Најголем 'виновник' за скратување на задоволството е нашиот професионалец кој во 4, рунда со вториот нокдаун, со удар во десниот плексус го принуди супервизорот, кој беше и главен судија, Бугаринот Венцеслав Николов да ја прекине борбата. Со тоа интерконтиненталната титула и понатаму останува во Скопје. Ако овој меч траеше 4 рунди тогаш борбата на Саше Трајковски во супер тешка категорија против Бугаринот Ѓорѓи Христов предвидена во 6 рунди беше експресна. Уште со првиот удар на гонгот Трајковски му 'здрви' една на својот противник по што судијата Николов место да брои го прекина мечот па безмалку се чинеше дека му дели совети како да продолжи. Таков гаф судија на профи меч не смее да си дозволи. И кога Христов очекуваше мечот да добие пинаков тек прими уште еден удар, овој пат лев аперкат по што падна на подот, а мечот беше прекинат. Сй на сй, Трајковски, кој оправдано стана миленик на публиката, за неполни 2 минути ја реши борбата во своја корист. За разлика од борбата во супер тешка категорија Јаневски во перло лесна (57 кг) иако славеше имаше значително тешка задача. Неговиот противник Калојан Димов од Бугарија се покажа како цврст и жилав противник кој знае што бара. Но затоа тука беше тренерот Смилевски, кој на тактички план успеа одлично да ја води борбата. Па така во 5. рунда Димов откако прими удар во плексусот го предаде мечот. И на крајот новата надеж на македонскиот профи бокс Б. Мутков на кого ова му беше прв меч во професионалните води успеа да го совлада Шпанецот Карло Санчез Гомез на поени. Поздрав![:)]
Shpire Toni Naskovski zakon ...btw gi gledav site natprevari i site bea dobri , ali moram da priznam deka najdobar beshe vo teshka kategorija , kade shto bugarinot padna ushte u prva runda ;P
miden1mk tocno[:0]
StormAngel Toni bese najdobar vo se.I vo poeni i vo apsolutno se. Pozdrav![:)]
miden1mk taka e
StormAngel БОКС МОРАЛЕС ПЛАНИРА КАМ-БЕК Легендарниот Мексиканец Ерик Моралес планира нов меч подготвувајќи се за дуелот со ВБЦ шампионот Хезус 'Ел Матадор' Чавез во дуелот во МГМ Арената во Лас Вегас на 28 февруари. Единствената пауза во тренинзите ќе биде в сабота кога ќе оди да го гледа мечот на неговиот пријател, ВБЦ шампионот во мува категорија, Хорхе Арке против Хома Гамбоа. Pozdrav![:)]
StormAngel БОКС НА ВЕЛШАНЕЦОТ МУ Е СМАЧЕНО ОД СЛАБИ ПРОТИВНИЦИ КАЛЗАГЕ ЕДНА КАТЕГОРИЈА ПОГОРЕ ВБО шампионот во супер-средна категорија, Велшанецот Џо Калзаге планира да оди една категорија погоре во средно-тешка категорија, ако го победи следниот противник Ерменецот Мгер Мкртчјан на 21 февруари во Кардиф. 'Ако тој победи во февруари секако дека ќе одиме една категорија погоре. Никој во супер-средна категорија не сака да ризикува и да боксува со него', вели неговиот промотер Френк Ворен. Калзаге има 12 одбрани на титулата откако го победи Крис Јубанк во 1997 година, а оваа серија го направи вистинска легенда во Велс, но без противник со звучно име тој не влезе во боксерската елита. 'Јас сум шампион и боксувам за да бидам најдобар. Сакам да сум во рингот со најдобрите, а прв чекор би бил мечот со ВБО шампионот во средно-тешка, Хулио Гонзалез, по што мислам на Американците', вели Калзаге. Гонзалез ќе мора да има мандаторна одбрана на титулата во април, а Калзаге ќе се квалификува како прв предизвикувач бидејќи има најмалку 10 одбрани на титулата во категоријата под таа на Гонзалез. Ворен вели дека планира три меча за Калзаге во 2004 и дека тој планира да боксува уште три години. Pozdrav![:)]
StormAngel БОКС ШАМПИОНОТ ВЕЛИ ДЕКА ВООПШТО НЕ МУ Е ЛЕСНО МОЗЛИ САКА ВНИМАНИЕ, ДУРИ И ЛОШО Шејн Мозли се чувствува како човек кој е измамен, но од друга страна му е мило што луѓето почнаа да внимаваат, дури и за погрешни причини. Животот за ВБЦ и ВБА шампионот во категоријата до 77 килограми не беше весела приказна откако го победи Оскар де ла Хоја вторпат во септември бидејќи место да му донесе вистинско признание тој беше обвинет дека го 'наместил' мечот. Неколку месеци подоцна тој се појави на истрагата за обвинувањата на Боб Арум, промотерот на Де ла Хоја за 'местење' на мечот, а истата приказна почна да се појавува и во американските весници. Но, 'Шугар' Шејн не се лути. 'Добив многу лоши написи во весниците, но нема проблем. Позитивно е што се пишува за мене и што не ме забораваат. Тоа е целата моја кариера', вели Мозли. Следниот чекор во неговата кариера ќе се случи на 13 март, кога ќе боксува со ИБФ шампионот Ричард 'Винки' Рајт во Менделеј Беј Казиното во Лас Вегас за обединување на титулите во категоријата до 77 килограми првпат по 29 титули. Сепак ова не беше првиот план на Мозли, бидејќи тој сакаше трет меч со Де Ла Хоја, договор кој пропадна поради 12.5 милиони $ кои тој ќе ги добиеше во споредба со 15-те милиони на Де Ла Хоја. Потоа мечот вреден 7 милиони $ против Рикардо Мајорга пропадна, откако Мајорга загуби од Кори Спинкс. Сега Мозли ќе боксува за 'само' 4 милиони $. 'Тоа не се случи, така што најдобар противник е Винки. Ова можеби е лош финансиски потег, но луѓето мораат да сфатат дека парите не се најважни', вели Мозли. Pozdrav![:)]
StormAngel БОКС ЅЈУ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МЕЧОТ ВО МОСКВА Костја Ѕју се откажа од својот меч со Американецот Шармба Мичел на 7 февруари во Москва поради повреда на рамото. 34-годишнот Ѕју, Австралиец роден во Русија, е ВБЦ и ВБА шампион во супер-лесна и ИБФ шампион во јуниор-велтер категорија, а има боксувано само двапати во последните 26 месеци по мечот за обединување на титулите против Заб Џудах. Мичел, загуби од Ѕју на поени во Лас Вегас во февруари 2001. Pozdrav![:)]
kopacot Ленокс Луис се пензионира Актуелниот светски првак во тешка категорија Ленокс Луис соопшти дека ја завршува својата боксерска кариера. 38 годишниот Британец е третиот боксер во светот кој се повлекува од позицијата светски првак. Последен што тоа го направи беше Роки Марчано во 1956 година. 'Ако не можеш да дадеш 110 посто од себе тогаш подобро да се откажеш', вели Луис кој во својата профи кариера имаше 44 борби од кои 41 добиена 2 нерешени и еден пораз.
StormAngel БОКС КАМ-БЕКОТ НА ВЕТЕРАНОТ ПОДДРЖАН И ОД ДОН КИНГ ФОРМЕН НАВИСТИНА БЛИСКУ ДО РИНГОТ Џорџ Формен се договорил за 20 милиони $ вреден меч кој би се одржал на 30-годишнината од неговиот легендарен меч со Мухамед Али, вели контроверзниот промотер Дон Кинг. Според него, 55-годишниот Формен, кој најави враќање во рингот минатата недела, веќе е согласен за меч, против засега непознат противник. 'Имаме устен договор и тој ми призна дека е подготвен барем уште еднаш да боксува. Откако ми го кажа тоа, сега јас правам договори. Тој има сила за повторно да влезе во историјата', вели Кинг. Формен изјави дека е заинтересиран да боксува за да им докаже на младите луѓе дека не треба да се плашат од староста. Тој нема боксувано од 1997 година, кога ја загуби титулата во тешка категорија од Шенон Бригс, а оттогаш работеше како ТВ коментатор. Според Кинг, главната цел е сега Формен да влезе во форма и не верува дека постои американска држава која не би му дала дозвола за боксување на легендарниот Американец. Формен прво ја освои титулата во тешка категорија во 1973 година нокаутирајќи го Џо Фрејзер, а ја загуби следната година од Мухамед Али во Заир во познатата 'Мешаница во џунглата'. Тоа беше првиот професионален меч за титула кој беше организиран од Дон Кинг. Во 1987 година по 10-годишна пензија Формен го направи својот прв кам-бек, а седум години подоцна кога имаше 45 години ја одбележа 20-годишнината од мечот со Али нокаутирајќи го Мајкл Мурер и станувајќи најстариот боксер кој ја освоил титулата во тешка категорија. ХОПКИНС И ДЕ ЛА ХОЈА СЕ ДОГОВОРИЈА? Оскар де ла Хоја е подготвен да се качи една категорија погоре и да боксува со апсолутниот шампион во средна категорија Бернард Хопкинс оваа година во можеби најбогатиот меч во историјата (кој не е во тешка категорија). Де ла Хоја и Хопкинс би боксувале против различни противници во исто шоу на 5 јуни, а потоа мечот би се одржал во септември или ноември за титулата во средна категорија, објави промотерот Боб Арум. Де ла Хоја, кој нема боксувано откако ја загуби титулата до 77 килограми од Шејн Мозли во септември, би влегол во рингот со непоразениот Германец Феликс Штурм, додека Хопкинс би ја бранел титулата против мандаторниот предизвикувач Роберт Ален, кого веќе двапати го победуваше. Според првите извештаи за двата меча, Де ла Хоја би заработил повеќе од 30 милиони $, додека Хопкинс би заработил двојно помалку.
StormAngel БОКС СС Е ПОДГОТВЕНО ЗА СУПЕР-ДУЕЛОТ ВО СРЕДНА КАТЕГОРИЈА ДЕ ЛА ХОЈА ПОДГОТВЕН ЗА ХОПКИНС Оскар де ла Хоја вели дека е подготвен да се сретне со 'поголемите' момци пред да ја заврши својата кариера. Де ла Хоја и апсолутниот шампион во средна категорија Бернард Хопкинс се подготвуваат за судир на 18 септември во меч за кој многумина, вклучувајќи го и Хопкинс, не веруваа дека Де ла Хоја ќе го ризикува. Првиот чекор сепак е на 5 јуни во Лас Вегас, кога Де ла Хоја ќе боксува со непоразениот Германец Феликс Штурм, додека Хопкинс боксува со Роберт Ален, кого веќе двапати го има победено. 'Средната категорија е навистина страшна, но токму тоа ми се допаѓа - нов предизвик, да застанеш покрај големите момци', вели Де ла Хоја за неговото деби во категоријата до 80 килограми. Тој беше поразен еднаш од Феликс Тринидад и двапати од Шејн Мозли, а во последните девет меча има скор од 6:3 и за првпат во кариерата влегува во мечот како аутсајдер. 'Јас самиот ги поставив моите предизвици пред мене и морам да докажам на светот и на себеси дека можам да го направам тоа. Последните мечеви беа тешки и знам дека има многу луѓе кои повторно сакаат да ме видат истепан', вели 31-годишниот Де ла Хоја, кој имаше титули во категориите до 65, 67.5, 70, 76.5 и 77 килограми. Хопкинс, кој своите ВБЦ, ВБА и ИБФ титули во средна категорија ги одбрани 17 пати, вели дека е задоволен од потегот на Де ла Хоја. Хопкинс му го нанесе единствениот пораз на Тринидад во септември 2001, а нема загубено веќе 11 години. 'Тој сфаќа дека се работи за ризик и морам да го почитувам тоа. Рој Џонс на пример не сака да дојде до мене, а Шејн Мозли воопшто не ни размислуваше', вели Хопкинс. ТРИНИДАД И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВРАЌА Феликс Тринидад реши официјално да ја заврши својата пензија по две години пауза, а Шејн Мозли најверојатно е неговиот прв противник. 31-годишниот Порториканец има статус на супер-ѕвезда во неговата земја и заработи десетици милиони долари кога боксуваше во велтер, јуниор-средна и средна категорија. 'Многу луѓе ми рекоа дека сум потребен на боксот. Дон Кинг ми го даде тоа што ми требаше и затоа се вратив', вели Тринидад. Тринидад ќе боксува во средна категорија, додека Мозли засега е во јуниор-средна категорија и планира меч со Винки Рајт во Лас Вегас на 13 март. Во опција можеби е и Оскар Де ла Хоја, кој има планови во средна категорија. Тринидад го победи Де ла Хоја на поени во 1999 година, а сега има скор од 41 победа, 1 пораз со 34 нокаути и има 20 победи во 21 меч за титулата.
StormAngel БОКС ВО МЕН АРЕНАТА ВО МАНЧЕСТЕР, ДВА ИНТЕРЕСНИ ДУЕЛА МИЧЕЛ ЈА ОДБРАНИ ИБФ ТИТУЛАТА Шармба Мичел го праќаше трипати на подот Мајк Стјуарт за одбрана на својата ИБФ титула во јуниор-велтер категорија со едногласна судска одлука. Мичел доминираше во 12-те рунди и сега има скор од 54 победи и 3 порази. Тој го повреди левото око на Стјуарт уште во втората рунда, а во четвртата, петтата и деветтата рунда имаше нокдауни за на крајот да победи со скор 117:109/120:106/120:105. 'Денес имав навистина лесна работа. Сакав да покажам на фановите дека сй уште имам се што ми е потребно за да бидам на врвот', вели 33-годишниот Американец. Како пред-меч на овој дуел, локалниот фаворит Рики Хатон го нокаутираше Данецот Денис Холбек Педерсен во шестата рунда. За непоразениот Хатон (34 победи, 25 нокаути) ова беше прв меч по импресивната победа над Бен Теки од Гана во декември, а 25-годишниот Англичанец сега се надева дека ќе дојде до меч токму со Шармба Мичел. Педерсен (44 победи, 3 порази) беше замена за Бразилецот Келсон Пинто, кој се повлече претходната недела поради болест. 'Конечно го поминав и овој меч. Ова беше една идеална првоаприлска шега. И покрај тоа што имавме само 48 часа да најдеме замена, мислам дека Пинто беше добар противник', вели Хатон. РАХМАН ПАК ВО РИНГОТ, РУИЗ ВО ДЕПРЕСИЈА Поранешниот светски шампион во тешка категорија Хасим Рахман ќе боксува со Марио Коули во меч од 10 рунди на 16 април во Довер, Делавер. Рахман (36 победи, 1 реми, 5 порази) во овој меч влегува по тешката победа над Ал Кол на 11 март, што беше негов прв триумф по шокантниот триумф над Ленокс Луис на 22 април 2001, кога ја освои и титулата. Џон Руиз, пак, и покрај тоа што е носител на ВБА титулата, која ќе ја брани против Фрес Оквендо на 17 април во Медисон Сквер Гарден, вели дека имал една страшно депресивна година. Руиз (39 победи, 1 реми, 5 порази) се разведе пред да биде катастрофален во поразот од Рој Џонс Јуниор во март 2003 година, пред да си ја врати титулата со триумф над Рахман минатиот декември.
StormAngel БОКС ЛЕЈМОН БРУСТЕР ГО НАПРАВИ НАЈГОЛЕМОТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО 2004 ШОКАНТЕН ПОРАЗ ЗА ВЛАДИМИР КЛИЧКО Американецот Лејмон Брустер се врати од подот за да оствари шокантна победа над Владимир Кличко и да ја освои малку ценетата ВБО титула во тешка категорија. Кличко доминираше во дуелот до петтата рунда кога беше 'фатен' со две леви крошеа, по што судијата Роберт Бирд го прекина мечот по крајот на рундата одлучувајќи дека Украинецот не може да продолжи. 'Ситуацијата беше да убиеш или да те убијат. Знаев дека можам да го удрам и само ми требаше време. Знаев дека тој ќе се измори', изјави Брустер, за кого ова беше прв меч по 13 месеци, а беше и 9-1 аутсајдер во мечот. Кличко го прати Брустер на подот во четвртата рунда со одличен удар со десната рака, но Брустер стана и следната рунда беше негова. Американецот ги упати ударите кои му ја донесоа победата, а Кличко остана на нозете за да падне по крајот на рундата. 'Никогаш не сум прекинал ваков меч. Тој не можеше да се грижи за себеси и не добив никаков одговор од него', изјави судијата Бирд. Иднината на големиот Украинец, кој е брат на Витали Кличко, кој ќе боксува за ВБЦ титулата против Кори Сандерс, сега е многу неизвесна откако доби втор нокаут во последните четири рунди. Владимир, кој претходно беше оценуван како подобар од браќата, по мечот беше однесен во болницата во Лас Вегас на тестирање. СПИНКС ГИ ОДБРАНИ ТИТУЛИТЕ Американецот Кори Спинкс ги одбрани своите ВБА, ВБЦ и ИБФ титули во велтер категорија со победа на поени над Заб Џуда. Спинкс го прати противникот на подот во 11. рунда, но мораше да станува од подот во 12. за на крајот да победи со 114:112/114:112/116:111. 'Се обидував да им кажам на сите дека сум повеќе од обичен боксер. И јас можам да бидам бесен', вели Спинкс, синот на поранешниот 'тешкаш' Леон Спинкс, кој го победи Рикардо Мајорга во декември за да ги освои титулите.
GoDsHaNd Nego denes citav vo vesnik, porazot na klicno bil somnitelen i se misli deka za vreme na 5ta runda koga naednash ja izgubil silata bil drogiran... Sho e voa a?:)