Atletika
Atletika
StormAngel АТЛЕТИКА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПАРИЗ СО МНОГУ КОНТРОВЕРЗИ ДОПИНГОТ ЗАСЕНИ СЕ ВО АТЛЕТИКАТА 2003 нема да биде запаметена како добра година за атлетиката. 12 месеци кои требаше да донесат толку многу, на крајот оставија темна сенка на допингување и мамење. Главниот виновник е новиот стероид тетрахидрогестринон (ТХГ). Супстанцијата, која не можеше да се открие со стандардните допинг-тестови стана центар на најголемиот скандал во спортот во последните пет години, откако Британецот Двејн Чејмберс и четири неименувани американски атлетичари беа позитивни, што резултираше во нови проверки на сите примероци од Светското првенство во Париз. Но, не беше само ТХГ. Кели Вајт стана првата Американка да оствари победи на 100 и 200 метри, но беше повлечена од штафетата 4х100 метри поради позитивен тест на модафинил, поради што е блиску до губење на медалите. Светското првенство во Париз донесе и контроверзи од поинаков вид, откако ветеранот Џон Драмонд не сакаше да се тргне од тартанот и покрај тоа што беше дисквалфикуван поради неправилен старт во квалификациите на 100 метри. Сепак првенството во Париз беше успешно, ако не и спектакуларно. Трката на 5.000 метри, кога 18-годишниот Кениец Елуид Кипчоге го победи легендарниот Хикам Ел Гверуж, машката трка на 3.000 метри стиплчез, како и остварувањето на младата Швеѓанка Каролина Клуфт во седмобојот (трета атлетичарка со скор над 7.000 поени). За сеќавање е и Лондонскиот маратон во април, каде што Пола Редклиф стигна до неверојатниот светски рекорд од 2 часа 15 минути и 25 секунди, додека Британците ќе се сеќаваат на заминувањето на двете легенди - светскиот рекордер на 110 метри со пречки Колин Џексон и светскиот рекордер во трискок Џонатан Едвардс. Pozdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА АМЕРИКАНЕЦОТ ГО ВРАЌА УДАРОТ ЈАНГ ЌЕ ГИ ТУЖИ УСАТФ И УСОЦ! Џером Јанг, чиј позитивен допинг-случај предизвика премногу меѓународни контроверзи, поднесе тужба до Американскиот олимписки комитет (УСОЦ) и Американската атлетска федерација (УСАТФ), пред федералниот суд во Индијанаполис. Деталите за тужбата не се соопштени. Јанг имаше позитивен тест на стероидот нандролон во 1999 година, но по жалбата му беше дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во 2000 во Сиднеј, каде што беше дел од американската штафета 4х400 метри, предводена од легендарниот Мајкл Џонсон, која стигна до златото. Јанг ја поднел тужбата на 4 февруари, три дена откако УСАТФ во писмото до УСОЦ за првпат го објавува името на Јанг во контроверзниот допинг-случај. Меѓународните официјални лица од ИОК и ИААФ подолго време бараат од американските власти да дадат објаснување за тоа како на Јанг му било дозволено да настапи во Сиднеј бидејќи за допинг-случај се добива двегодишна суспензија. ГЕБРЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУДИМПЕШТА Хајле Гебрселасие нема да ја брани својата титула на 3.000 метри на Светското првенство во атлетика во сала во Будимпешта, кое почнува на 5 март. Двократниот олимписки шампион на 10.000 метри е повреден, иако деталите околу повредата не се објавени. Во етиопскиот тим ќе биде заменет со Абијоте Абате, кој покрај Маркос Генети ќе трча на 3.000 метри. Во својот последен настап Гебре беше поразен на две милји од Генети во Бирминген на 20 февруари
StormAngel АТЛЕТИКА ЛУИС-ФРЕНСИС БЕСЕН НА ЧЕЈМБЕРС Марк Луис-Френсис откри дека позитивниот тест на ТХГ на неговиот колега од британскиот тим Двејн Чејмберс 'крајно го разочарал' бидејќи во минатото повеќепати беше поразен од европскиот шампион на 100 метри. 'Да дознаеш дека еден од твоите најголеми ривали има позитивен тест е навистина опасно. Си помислив: 'колку пати загубив од него и се разочарував заради тоа'. 2004 е пред мене и сакам да освојам медал во Атина. Јас сум чист и можам да успеам така', вели Луис-Френсис. Pozdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА ВЧЕРА, ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА 9. 'БОЖИЌЕН КРОС' КУЛЕСКА ПО ШЕСТИПАТ Во организација на АК 'Маџари' и Сојузот на спортови на Скопје, потпомогнати од Советот на Скопје, МОК и Агенцијата за млади и спорт, вчера во Скопје се одржа традиционалниот 'Божиќен крос', 9. по ред, на кој стартуваше завидна бројка на натпреварувачи меѓу кои и гости од СЦГ поделени во неколку категории, цицибани, пионери, ветерани и сениори. Најинтересно, сепак, беше во сениорска конкуренција каде нашата репезентативка Даниела Кулеска на 2000 м, по 6. пат го освои првото место пред гостинките од СЦГ Ј. Станковиќ и М. Стоицев, додека кај мажите, кои се натпреваруваа на делница долга 4000 м победи С. Стојановиќ пред Т. Мартиновски и Т. Попчевалиев. КОЈ ЈА 'ФЕРМА' ВЛАДАТА!? Во организацијата на Божиќниот крос покрај споменатите институции помогнале и неколку ЈП (ЈП за Водовод и канализација, ЈП за паркови и зеленило, и ЈП за патишта на РМ) за што организаторот неколкупати јавно им се заблагодари. Меѓутоа, интересно е што со одлука на Владата на РМ донесена уште минатата година ЈП не смеат да издвојуваат средства за спорт и спортски манифестации. ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ Цицибани 300 м (7 - 10 г) - момчиња: 1. Н. Митревски, 2. Е. Тамор, 3. Е. Селмани, девојчиња: 1. А. Митревска, 2. К. Коневска, 3. Е. Василевска, Пионери 600 м - момчиња: 1. В. Рамадани, 2. П. Симовски, 3. Д. Павиќ, девојчиња: 1. И. Рошман, 2. С. Терзин. 3. Г. Спирковска, Ветерани - 600 м жени: 1. М. Стојановска, мажи: 1. В. Станковски, В. Димитровски, 3. Е. Амар, Сениори - 4000 м: 1. С. Стојановиќ, 2. Т. Мартиновски, 3. Т. Попчевалиев, Сениорки - 2000 м: 1. Д. Кулеска, Ј. Станковиќ, 3. М. Стоицев. Pozdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА РУСИНКАТА ПОДОБРИ НАЈДОБРО ВРЕМЕ СТАРО 16 ГОДИНИ НАЗАРОВА СО РЕКОРД НА 500 МЕТРИ Русинката Наталија Назарова постави светски рекорд на ретко трчаната должина од 500 метри на митингот во Москва истрчувајќи 1:07.36. Назарова, која е светска шампионка во сала на 400 метри, го подобри времето на сонародничката Олга Назарова (не се во сродство) од 1:07.67, поставено пред 16 години. 'Овој рекорд е многу важен за мене бидејќи ми дава ментална и морална сила да трчам на 400 метри. Не сакам да правам никакви предвидувања за иднината, но мислам дека 2004 е одлична година за мене. Сега знам дека морам да бидам 100% подготвена за Светското првенство во сала во Будимпешта', вели Назарова. Светската рекордерка на 400 метри со пречки Јулија Печонкина, пак, вели дека за првпат во кариерата ќе го пропушти СП во сала. 'Таа ќе почне да трча на трките со пречки дури во мај. Јулија е здрава засега, но не сакаме да заработи некоја незгодна повреда како лани. Во 2003 беше грешка што трениравме напорно во текот на зимата. Таа ќе почне со натпреварувањата во мај или јуни, а потоа ќе ги почнеме подготовките за Олимпијадата во Атина', вели нејзиниот тренер Валентин Маслаков. Победничката на Гала митингот од лани, Татјана Полнова, пак, ја отвори својата сезона во скок со стап со височина од 4.50 метри. За неа ова беше прв вистински тест и вели дека сега целта е тимот за Будимпешта. 'Таа ќе стигнеше до светскиот рекорд на Универзијадата во Јужна Кореја откако скокна 4.70 метри, но тогаш имаше силен дожд. Оваа година одиме на рекорд', изјави нејзиниот сопруг и тренер Сергеј Полнов. Pozdrav![:)]
StormAngel КЕМБЕЛ ПОДГОТВЕН ЗА БИРМИНГЕМ Дарен Кембел ќе направи исклучок и ќе настапи на Норвич Јунион ГП митингот во Бирмингем на 20 февруари. Освојувачот на бронзата од СП во Париз на 100 метри, Кембел, обично не учествува во сезоната во сала, а овој пат ќе трча на 60 и на 200 метри, каде што конкуренти ќе му се колегите од британскиот тим Џејсон Гарденер, Марк Луис-Френсис и Кристијан Малколм. 'Одлучив да одам на неколку митинзи во сала оваа година, како дел од подготовката за Олимпијадата, а посебно сакам да се натпреварувам пред британска публика како благодарност за поддршката во 2003', вели спринтерот од Манчестер. Pozdrav![:)]
slasa [img]http://www.funny.co.il/pics_archive/spt/spt44.jpg[/img]
StormAngel АТЛЕТИКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРИЗНАА НОВ ТХГ ТЕСТ МЕЛИСА ПРАЈС Е НОВИОТ ДОПИНГ-СЛУЧАЈ Американската шампионка во фрлање кладиво Мелиса Прајс стана четвртата американска атлетичарка со позитивен тест на ТХГ, соопшти Американскиот олимписки комитет (УСОЦ). Прајс имала позитивен тест на стероидот во два посебни случаи на 19 јуни и 29 јули минатата година, но таа демантира дека земала какви било супстанции и планира жалба до УСОЦ. 24-годишната Прајс е сопруга на британскиот фрлач на ѓуле Карл Мајерскоу, кој отслужи двегодишна суспензија по позитивен тест на стероиди во 1999 година. Четири американски атлетичари имаа позитивни тестови на ТХГ на Американскиот национален шампионат минатиот јуни, а иако медиумите во САД неколкупати шпекулираа со имињата Прајс е првата атлетичарка за која е потврдено дека има позитивен тест на контроверзниот ТХГ. Британскиот европски шампион на 100 метри Двејн Чејмберс засега е најзвучното име со позитивен тест на ТХГ, а тој вели дека му било гарантирано дека сите додатоци за исхрана кои ги земал биле на листата на дозволени супстанции на ИААФ. Федералниот суд во САД сй уште ја истражува БАЛКО лабораторијата во Сан Франциско, од која се верува дека се снабдувале повеќе атлетичари и други спортисти. POzdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА НАЈДОБРАТА АВСТРИСКА АТЛЕТИЧАРКА СЕ ПОВЛЕЧЕ ШТЕФАНИ ГРАФ СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ Поранешната освојувачка на олимписко сребро Штефани Граф се повлече од атлетиката, објавија австриските медиуми. 30-годишната ветеранка, која освои злато на 800 метри на Олимпијадата во Сиднеј во 2000, оваа неочекувана вест ја објави преку електронска пошта додека е на тренинзи во Јужна Африка. 'Само 70% од моето тело е подготвено да трча', изјави Граф. Австријката се мачеше со нејзиното здравје во последните неколку години и го пропушти Светското првенство во Париз минатата година, иако се очекуваше да трча на Олимписките игри во Атина оваа година. Во јули 2002 година таа беше на комплицирана операција за отстранување тумор во колкот. Нејзината одлука ја потврди и нејзиниот менаџер Јос Херменс. 'Штета што одлуката нй изненади. Јас знаев дека Штефани се мачеше да се врати во вистинска форма и дека во последните недели беше посебно разочарана, но јас сум навистина изненаден', вели Херменс. Нејзината најдобра трка беше токму во Сиднеј кога имаше време од 1:56.64 на второто место зад својата огромна ривалка Марија Мутола од Мозамбик. Најдоброто време во сала н беше 1:55.85 на ЕП во сала во 2002, во трка во која го сруши светскиот рекорд во сала за 0.55, но на крајот загуби од Словенката Јоланда Чеплак (1:55.19). Pozdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА ПОТВРДЕН ТЕСТОТ НА ЏЕЈКОМБС Светската рекордерка на 1.500 метри, Американката Реџина Џејкобс, имала позитивен тест на контроверзниот нов стероид тетрохидрогестринон (ТХГ), потврди Американскиот олимписки комитет (УСОЦ). Покрај Џејкобс потврден позитивен тест имаше и тркачот на 400 метри, Калвин Харисон, овој пат на стимулантот модафинил. Џејкобс го шокираше атлетскиот свет откако го сруши 13 години стариот светски рекорд на 1.500 метри во сала со своите 39 години претходно во 2003. Pozdrav![:)]
StormAngel АТЛЕТИКА ЕТИОПЈАНЕЦОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЕДНА ПЕКОЛНА СЕЗОНА ГЕБРЕ САКА ОЛИМПИСКО ЗЛАТО И РЕКОРД Хајле Гебрселасие сака да стави совршен крај на својата брилијантна кариера во 2004. Етиопјанецот има поставено 17 светски рекорди, освоено две олимписки злата и четири светски титиули на 10.000 метри и се подготвува за олимписката година по која дефинитивно ќе се откаже од атлетиката и ќе се посвети на маратонот. Првиот чекор е на Норвич Јунион ГП митингот во Бирмингем в петок. 'Морам да прифатам дека не можам да бидам број 1 цел живот. Тоа е нормално и треба да се види историјата на атлетиката. Јас сум само обичено човек и се борам за добри резултати. Никој не сака да е поразен, но ако се случи нешто како поразот на Светското првенство, што можам да направам? Место да губам цело време, подобро е да се обидам во маратонот. Пред пет-шест години сй беше различно', вели Гебрселасие. Популарниот 'Гебре' посебно се плаши од момчето кое го победи на 10.000 метри во Париз минатата година, Кенениса Бекеле. 'Кенениса е неверојатен атлетичар и е во фантастична форма. Тренираме заедно, така што ги знае сите мои слабости и мојата тактика. Многу е тешко тој да се победи. Ако се нацртаат на график нашите кариери, јас одам надолу, а тој нагоре', заклучи Етиопјанецот.
StormAngel АТЛЕТИКА БРИТАНЕЦОТ ЌЕ ИМА ШТО ДА ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА ПОЧНА СОСЛУШУВАЊЕТО НА ЧЕЈМБЕРС Двејн Чејмберс се наоѓа пред тајно дисциплиниско сослушување на кое ќе биде одлучена неговата иднина во атлетиката. Тој може да заработи суспензија од две години ако е прогласен за виновен за позитивниот тест на анаболичниот стероид тетрахидрогестринон (ТХГ). Европскиот шампион на 100 метри, Чејмберс имаше позитивен тест на ТХГ минатиот јули и почна да ја отслужува суспензијата од ноември, а негов правен застапник е Мајкл Берлоф, кој го застапуваше скијачот Алан Бакстер во неговиот позитивен случај на Олимписките игри во Солт Лејк Сити во 2002. Интересно е што застапник на Британската атлетска федерација е Дејвид Пеник, адвокатот на Грег Руседски во допинг-случајот пред комисијата на АТП во Монтреал. Иако сослушувањето се оддржува на тајна локација, медиумите ќе ја добијат само конечната одлука најверојатно денеска. Чејмберс, кој е од Ислингтон, северен Лондон, се подготвува за патување во Темпа, Флорида, следната недела каде што ќе се обиде да добие место во некој професионален тим од НФЛ, лигата во американски фудбал. Минатата недела тренерот на Чејмберс, Украинецот Реми Корчемни, беше обвинет од федералната порота во Сан Франциско за дистрибуција на допинг-средства на спортистите на кои е тренер. ЏОНС: 'ЌЕ ГИ ПОБЕДАМ И ДОПИНГУВАНИТЕ' Мерион Џонс има прилично едноставен рецепт за да излезе на крај со допинг приказните во атлетиката во последно време: 'Иако се допингувате, јас ќе ве победам'. Трикратната олимписка шампионка од Сиднеј се врати на атлетиката минатата недела по едногодишна пауза поради бременост и сега се подготвува за вториот митинг во Бирмингем денеска. 'Ако сй се погоди и сум 100% подготвена знам дека мојот талент и мојата самоувереност ми се доволни за победа. Дури иако некој се обиде да мами. Јас можам да победам кого било', вели Џонс. И покрај тоа, Џонс мораше да сведочи пред федералниот суд во Сан Франциско во допинг случајот на лабораторијата БАЛКО и да го издржи притисокот околу нејзиниот избор на тренер, во поранешниот тренер на Бен Џонсон. 'Јас знам сигурно дека една личност не користи дроги - јас. Не можам да зборувам за другите и немам поим каков е процентот. Би било нефер да коментирам за тоа', заврши Американката.
StormAngel АТЛЕТИКА НЕВООБИЧАЕН ИНТЕРЕС ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО САЛА БУДИМПЕШТА ОЧЕКУВА УСПЕХ Јубилејното 10. Светско првенство во сала почнува утре, во Будимпешта и ветува да биде едно од најдобрите во историјата, со рекорден број нации и атлетичари. Повеќе од 140 национални тимови се пријавија за тридневното натпреварување, а исто така првпат шампионатот по вторпат се одржува во ист град откако и во 1989 година СП беше одржано во Будимпешта, но тогаш со само 62 земји учеснички. Будимпешта сепак ја има новата Спортарена изградена како замена за претходната сала која изгоре во пожар, а многумина очекуваат одличен крај на сезоната во сала и почеток на вистинските подготовки за Олимписките игри во Атина. Меѓу најголемите ѕвезди во Будимпешта ќе бидат Марија Мутола од Мозамбик, која има шанса да ја освои рекордната шеста светска круна на 800 метри, додека американскиот тим ќе го предводат ветераните Ален Џонсон и Гејл Диверс, кои ќе ги бранат титулите на 60 метри со пречки. Во скок со стап во женска конкуренција можеби ќе биде најголемата пресметка меѓу двете русинки Јелана Исинбаева и Светлана Феофанова, додека Унгарците можат да се надеваат на злато преку Жолт Бибер во фрлање ѓуле. БЕРГКВИСТ СЕ ПОВРЕДИ Светската шампионка во скок во височина, Швеѓанката Кајса Бергквист нема да ја брани својата титула во Будимпешта поради незгодна повреда на стапалото. Таа вели дека проблемот се појавил на неодамнешниот митинг во Естонија и дека ќе мора да оди на операција. 'Не сакам да преземам никакви ризици пред Олимпијадата и затоа решив да не патувам во Будимпешта. Главната цел во 2004 сепак е да сум во врвна форма за во Атина', вели Бергквист.