Reli
Reli
StormAngel РЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН СО ТРИУМФ НА 13. ЕТАПА НА ПАРИЗ-ДАКАР МЕКРИ ДО ПРВАТА ПОБЕДА Поранешниот светски шампион во рели, Шкотланѓанецот Колин Мекри направи неверојатен подвиг победувајќи на 13. етапа на релито Париз-Дакар, за прва негова победа и докажување дека не требаше да се откаже кога 12. етапа ја започна на дури 41. место. 13. етапа целосно му припадна на тимот на Нисан, откако Јужноафриканецот Жиниел Де Вилиер и Финецот Ари Ватанен ги освоија второто, односно третото место, во првата етапа на релито во кое Мицубиши не победува. Лидерот на трката, Стефан Петерхансел немаше проблеми со пласман на шестото место, 'продавајќи' малку време на второпласираниот Хироши Масуока, и зголемувајќи ја предноста пред Жан-Луј Шлесер, кој се загуби во пустината. Јута Клајншмид повторно беше импресивна, откако стигна до четвртото место во 734 км долгата етапа. Во пласман на мотоцикли, асот на Јамаха, Давид Фретиње направи голем шок во прекинувањето на доминацијата на мотоциклите на КТМ, за победа на 13. етапа. Фретиње е единствениот мотоциклист кој не вози мотор на КТМ меѓу најдобрите 20. Сега тој се приклучи меѓу најдобрите 10, а Ришар Сенкт го намали водството на Нани Рома на врвот за околу три минути. Неговиот сонародник Сирил Деспре на победата од вторникот го додаде петтото место во средата, за да се пробие на третото место во генерален пласман, пред Алфи Кокс. РЕЗУЛТАТИ (13.ЕТАПА, БАМАКО-АЈУН ЕЛ АЛТРУС, 734 КМ) АВТОМОБИЛИ 1.Колин Мекри (Бри) - Нисан 5:52:58 2.Жиниел Де Вилиер (ЈАР) - Нисан +07:40 3.Ари Ватанен (Фин) - Нисан +08:47 4.Јута Клајншмид (Гер) - Фолксваген +23:11 5.Хироши Масуока (Јап) - Мицубиши +24:21 МОТОЦИКЛИ 1.Давид Фретиље (Фра) - Јамаха 6:10:25 2.Ришар Сенкт (Фра) - КТМ +03:41 3.Нани Рома (Шпа) - КТМ +06:22 4.Пер-Гунар Лундмарк (Шве) - КТМ +08:06 5.Сирил Деспре (Фра) - КТМ +13:32 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН АВТОМОБИЛИ 1.Стефан Петерхансел (Фра) - Мицубиши 36:36:26 2.Хироши Масуока (Јап) - Мицубиши +1:02:29 3.Лук Алфан (Фра) - БМВ +3:56:59 4.Жиниел Де Вилиер (ЈАР) - Нисан +7:50:05 5.Колин Мекри (Бри) - Нисан +17:11:40 МОТОЦИКЛИ 1.Нани Рома (Шпа) - КТМ 39:17:00 2.Ришар Сенкт (Фра) - КТМ +07:25 3.Сирил Деспре (Фра) - КТМ +45:39 4.Алфи Кокс (ЈАР) - КТМ +46:34 5.Пер-Гунар Лундмарк (Шве) - КТМ +1:04:31 Pozdrav![:)]
StormAngel РЕЛИ 14. ЕТАПА СЕ ПОКАЖА КАКО КОБНА ЗА ФИНСКИОТ ЧЕТИРИКРАТЕН ШАМПИОН ВАТАНЕН СЕ УДРИ ВО ДРВО! За четирикратниот шампион од релито Дакар, Финецот Ари Ватанен овогодишната трка е завршена откако својот Нисан го удри во едно дрво по само 10 километри од вчерашната 14. етапа од Ајун Ел Атрус до Тиџикја во должина од 510 километри. Со само четири дена до крајот на релито, Финецот не можеше да го поправи ладилникот на својот автомобил по колизијата. Победата во 14. етапа ја запечати францускиот поранешен скијач, Лук Алфан, стигнувајќи во мавританскиот град Тиџикја со повеќе од 14 минути предност пред Колин Мекри за втор триумф оваа година. Лидерот во генерален пласман, Стефан Петерхансел го освои третото место, со што ја зголеми предноста пред клупскиот колега од Мицубиши, Хироши Масуока за уште 2 и пол минути. Хорор-ден имаше и Белгиецот Грегоар Де Мевиус, откако возачот на БМВ загуби повеќе од еден час поради проблеми со задното тркало. Сепак најголема вест беше откажувањето на легендарниот Ватанен, кој предходно оваа година стигна до својата 50. етапна победа на натјешкото рели на светот. 'Возевме премногу бргу и при една нерамнина загубивме контрола и не можевме да го избегнеме дрвото. Го скршивме, но го скршивме и автомобилот. Потоа се обидовме да продолжиме, но по 2 километри ни снема масло. Многу сум разочаран, посебно бидејќи ова е мојата омилена етапа', вели Ватанен. РЕЗУЛТАТИ (14.ЕТАПА, АЈУН ЕЛ АТРУС-ТИЏИКЈА, 510 КМ) АВТОМОБИЛИ 1.Лук Алфан (Фра) - БМВ 6:51:07 2.Колин Мекри (Бри) - Нисан +14:20 3.Стефан Петерхансел (Фра) - Мицубиши +18:30 4.Жан-Луј Шлесер (Фра) - Форд +20:15 5.Хироши Масуока (Јап) - Мицубиши +21:05 МОТОЦИКЛИ 1.Сирил Деспре (Фра) - КТМ 6:55:10 2.Алфи Кокс (ЈАР) - КТМ +01:23 3.Нани Рома (Шпа) - КТМ +04:14 4.Ришар Сенкт (Фра) - КТМ +06:29 5.Давид Фретиље (Фра) - Јамаха +09:22 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН АВТОМОБИЛИ 1.Стефан Петерхансел (Фра) - Мицубиши 36:36:26 2.Хироши Масуока (Јап) - Мицубиши +1:02:29 3.Жан-Луј Шлесер (Фра) - Форд +2:29:59 4.Лук Алфан (Фра) - БМВ +3:56:59 5.Грегоар Де Мевиус (Бел) - БМВ +4:12:53 МОТОЦИКЛИ 1.Нани Рома (Шпа) - КТМ 46:16:24 2.Ришар Сенкт (Фра) - КТМ +09:40 3.Сирил Деспре (Фра) - КТМ +41:25 4.Алфи Кокс (ЈАР) - КТМ +43:43 5.Пер-Гунар Лундмарк (Шве) - КТМ +1:18:49 Pozdrav![:)]
StormAngel РЕЛИ ДВА НОВИ ПОБЕДНИЦИ НА ЛЕГЕНДАРНОТО ДАКАР РЕЛИ РОМА И ПЕТЕР СЕ РАДУВАА ВО ДАКАР Релито Дакар ги почести своите двајца нови победници во неделата откако Шпанецот Нани Рома успеа да го надополни тоа што не му успеваше долго време, додека шесткратниот победник во конкуренција на мотоцикли, Стефан Петерхансел стигна до прва победа во конкуренција на автомобили повторувајќи го успехот на Ибер Ориол, на двоен триумф на две и четири тркала. Веќе рекордер по бројот на победи на Дакар релито во мото категоријата (1991, 92, 93, 95, 97 и 98), Французинот Петерхансел, успеа да ги надмине лошите спомени од минатата година, кога го загуби водството на предпоследната етапа, поради проблемите со автомобилот. Овој пат тој не му ја препушти победата на второполасираниот колега од Мицубиши, Хироши Масуока. 'Ова утро не можев а да не помислам на лани. Долго ја чекав оваа победа. Зборував со мојот со-возач Жан-Пол кога ја поминавме етапата и бев многу среќен за него бидејќи ова е негов прв триумф на Дакар. Хироши имаше одлично рели оваа година, но сега мене ми беше ред', вели Петерхансел. Во пласман на мотоцикли, Шпанецот Рома во последните години нон-стоп беше на подиумот, но не успеваше да стигне до победата правејќи грешки при навигацијата или поради два пада, во кои скрши две коски во процесот. Овој пат Рома научи да го почитува Дакар, со неколку совети од двократниот победник Фабрицио Меони. 'Ова рели беше многу тешко за мене. Знаев дека многу луѓе чекаат победа од мене, но и нова грешка. Но, за разлика од минатите години, јас овој пат го сменив менталитетот. Меони ми рече 'сфати ја трката', но прво не го сфаќав што зборува. Сега знам што мислеше. Треба да си смирен и да го прифаќаш секој момент на оваа трка. Секогаш има тешки моменти, но треба да ги надминеш', вели Рома. КОНЕЧЕН ПЛАСМАН: АВТОМОБИЛИ 1.Стефан Петерхансел (Фра) - Мицубиши 53:28:32 2.Хироши Масуока (Јап) - Мицубиши 54:19:55 3.Жан-Луј Шлесер (Фра) - Форд 56:32:19 4.Лук Алфан (Фра) - БМВ 57:27:54 5.Андреа Мајер (Гер) - Мицубиши 59:16:56 МОТОЦИКЛИ 1.Нани Рома (Шпа) - КТМ 55:39:22 2.Ришар Сенкт (Фра) - КТМ 53:22:36 3.Сирил Деспре (Фра) - КТМ 56:26:10 4.Алфи Кокс (ЈАР) - КТМ 56:29:09 5.Пал Андерс Улевалсетер (Шве) - КТМ 57:46:02 КАМИОНИ 1.Владимир Чагуин (Рус) - Камаз 67:49:45 2.Фирдауш Кабиров (Рус) - Камаз 68:44:25 3.Жерардус Де Рој (ЈАР) - Де Рој 69:20:53 4.Илзигар Мардеев (Рус) - Камаз 74:43:04 5.Јошимаса Сугавара (Јап) - Сугавара 75:47:4 Pozdrav![:)]
StormAngel РЕЛИ ДЕНЕСКА ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА СО МОНТЕ КАРЛО РЕЛИТО НОВА ЕРА ВО СВЕТСКИОТ РЕЛИ ШАМПИОНАТ Светскиот шампионат во рели почнува денеска во Монте Карло со повеќе промени во системот на натпреварување. Контроверзните нови правила се насочени кон намалување на трошоците на тимовите, а од друга страна оваа година серијата има 16 релија, две повеќе од минатата година. За првпат по повеќе години во серијата ќе нема британски возачи. Колин Мекри не успеа да најде тим за следната сезона откако поради новото правило на само двајца возачи од еден тим за едно рели беше отпуштен од тимот на Ситроен, за можниот кам-бек во Субару беше отфрлен по ангажирањето на младиот Финец Мико Хирвонен. Ричард Барнс, пак, го загуби местото во Субару откако му беше дијагностициран тумор на мозокот. Хирвонен сега ќе биде тимски колега на актуелниот шампион, Норвежанецот Петер Солберг, едно од водечките имиња на новата генерација на рели возачи. Солберг е сигурен во одбраната на титулата и покрај тоа што ќе ја почне сезоната со стариот автомобил. Новиот автомобил на Субару ќе биде претставен на третата рунда од шампионатот, Мексиканското рели, кое покрај Јапонското рели е нов додаток на календарот. Неговата конкуренција за следната сезона овој пат е 'скратена' на само пет производители, иако главната конкуренција ќе му биде француското дуо Ситроен и Пежо. Ситроен стигна до титулата во пласман на тимови во импресивната прва полна сезона во 2003, а Себастиен Лоеб немаше среќа да стигне до титулата во 2003. Французинот знае дека е главен фаворит за победа во Монте Карло, по победата лани. Но, во Пежо, кој доминираше во спортот од 2000 до 2002, велат дека се подготвени за враќање на титулата по фрустрирачката 2003. Тие како најголем адут го имаат новиот 307 автомобил, како и најдобриот возач, двократниот светски шампион Маркус Гронхолм. Исто така се очекува и конечното враќање на тимот на Мицубиши во Светскиот шампионат, по едногодишната пауза за развој на автомобилот. Шкода од друга страна реши оваа година да учествува на само неколку релија, додека Хјундаи целосно се повлече. 2004 секако ќе биде клучна година за иднината на спортот. КАЛЕНДАР ЗА 2004 23-25.01.2004 Монте Карло Рели 06-08.02.2004 Шведско Рели 12-14.03.2004 Мексиканско Рели 16-18.04.2004 Нов Зеланд Рели 14-16.05.2004 Кипар Рели 04-06.06.2004 Акрополис Рели 25-27.06.2004 Турско Рели 16-18.07.2004 Аргентинско Рели 06-08.08.2004 Финско Рели 20-22.08.2004 Германско Рели 03-05.09.2004 Јапонско Рели 17-19.09.2004 Британско Рели 01-03.10.2004 Сардинија Рели 15-17.10.2004 Корзика Рели 29-31.10.2004 Каталонско Рели 12-14.11.2004 Австралиско Рели Pozdrav![:)]
StormAngel РЕЛИ СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ГО ДОКАЖА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ИМПРЕЗА СОЛБЕРГ ГО СОПРЕ ГРОНХОЛМ Светскиот шампион Петер Солберг успеа да го задржи Финецот Маркус Гронхолм на 5.9 секунди за триумф на Релито Нов Зеланд во Субару по острата борба за победа во последниот ден. Асот на Форд, Марко Мартин беше трет за да прејде во водство во генерален пласман, на еден поен пред Себастиен Лоеб во Ситроен, кој беше четврти. Ова беше прв триумф за Солберг во оваа година и доаѓа точно една година откако се удри во карпа и го загуби водството од Гронхолм на последната етапа. 'Се работеше за едно фантастично рели. Ако има еден човек кој не сакате да биде зад вас во последниот ден од натпреварувањето, тоа е Маркус Гронхолм. Двајцата одевме на сй или нешто и сега сум навистина преморен, но навистина добро се забавував', вели Солберг, кој победата му ја победи на локалниот возач на Субару, Посум Бурн, кој го загуби животот во минатогодишното рели. Двајцата возачи ги менуваа местата неколкупати во последните два дена, но на крајот Финецот требаше да надополни 16.3 секунди, што навистина беше премногу. Гронхолм на крајот беше дури 10.4 секунди побрз од Солберг по што беше задоволен од перформансите на 307ВРЦ новиот автомобил. 'Најважно беше што можеме да се пофалиме дека автомобилот конечно е како што треба. Убаво е да се биде во линија со луѓе на врвот. Многу сум самоуверен за другите трки', вели Гронхолм, кој ќе имаше далеку поголеми шанси за триумф ако не се извртеше во првиот ден на релито по што загуби речиси половина минута. Следното рели е на Кипар од 14 до 16 мај. РЕЗУЛТАТИ (РЕЛИ НОВ ЗЕЛАНД): 1.Петер Солберг (Нор) - Субару 4:02:29.5 2.Маркус Гронхолм (Фин) - Пежо 4:02:35.4 3.Марко Мартин (Ест) - Форд 4:02:55.1 4.Себастиен Лоеб (Фра) - Ситроен 4:03:34.7 5.Хари Рованпера (Фин) - Пежо 4:04:53.2 6.Карлос Саинц (Шпа) - Ситроен 4:05:38.4 7.Мико Хирвонен (Фин) - Субару 4:08:12.0 8.Даниел Карлсон (Дан) - приватен 4:15:53.3 9.Дин Хериџ (НЗе) - приватен 4:18:12.4 10.Манфред Штол (Гер) - приватен 4:18:53.3 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН: ВОЗАЧИ 1.Марко Мартин (Ест) - Форд 26 2.Себастиен Лоеб (Фра) - Ситроен 25 3.Маркус Гронхолм (Фин) - Пежо 24 4.Петер Солберг (Нор) - Субару 23 5.Франсоа Дувал (Бел) - Форд 14 ТИМОВИ 1.Форд 47 2.Ситроен 38 3.Пежо 33 4.Субару 31 5.Мицубиши 5